18.02.2021

Со свој дом во Маврово2 Резиденс, секогаш блиску до благодетите на живописната планина

Со свој дом во Маврово2 Резиденс, секогаш блиску до благодетите на живописната планина

За сите заинтересирани идни жители на комплексот Маврово2 резиденс на располагање стои продажен тим на компанијата кој на телефонскиот број 070 360 103 ќе им ги понуди најдобрите можности на сите вљубеници во Маврово што сакаат национланиот парк во иднина да биде нивни втор дом. Повеќе информации можат да сe добијат, доколку кликнете ОВДЕ.

Еден од нашите најубави планинско рекреативни центри Маврово, од секогаш важел за најпосакувана локација кога станува збор за одмор и рекреација во текот на целата година а осбено во текот на зимските месеци. Можностите што ги нуди овој национален парк со своите живописни планински падини, привлекуваат љубители на секаков тип на рекреативни активности во секоја сезона од годината. 

Да се биде на падините на Бистра во текот на пролетните и летните месеци значи да се ужива во прошетките на планиските патеки како на пример Чавкарник и да се ужива во благодетите на раскошната локална природа. Но не само за прошетки и планинарење, падините богати со шума нудат извонредни услови за велозипедизам на планинско-ридски улови. Мавровското езеро дополнително го збогатува целокупниот амбиент и отвора нови можности за спорт и рекреирање како пловење со кајак и секаков друг вид водни активности.

Во текот на зимските месеци, снежните пејсажи и патеки на Бистра се неодоливи за скоро секој човек што бара прибежште од загадените урабни центри. Скијањето, уживањето на снегот и дишењето на чистиот планински воздух се моменти за секој човек кој посакува и бара оддишка од секојдневието и стресните работни активности.


Идејата да се има нешто свое на ова место како викендица, одсекогаш било желба на голем број љубители на чистата и недопрена прирорда, како и можностите за одмор што овој национален парк ги нуди. Но, поседувањето на викенд куќа е предизвик што бара многу вложувања, од поседувањето на земја до изградба, како и постојано одржување.


Следејќи ги трендовите во околните држави, нештата започнуваат да се мнуваат и нашите простори во поглед на поинакви можности за нешто свое на планина. Од голем број луѓе пред скоро година дена одлично беше прифатена веста дека на падините на Бистра во близина на скијачките терени започнува да се гради нов станбен комплекс.

Станува збор за инвестиција на познатата компанија за посредување и консталтинг Cushman & Wakefield / FORTONMKA која овој потфат го реализира преку својата ќерка фирма Forton Invest. На 9000 м2 површина, комплексот ќе понуди 188 станбени единци со различни големини за сечиј вкус и потреба. Првата фаза од изградбата ќе заврши до крајот на оваа година додека фаза 2 ќе биде готова до крајот на 2022 година.

Маврово2 резиденс веќе станува вистинска атркација за сите што се заинтересирани да имаат свој дом во овој наш национален парк бидејќи добар дел од становите од првата фаза на градба веќе ги најдоа своите сопственивци. Имајќи свој сопствен стан во „Маврово2 Резиденс“ за многумина ќе значи да го имаат националниот парк како свој втор дом, и да можаат секој месец од годината да побегнат на планина. 


За сите заинтересирани идни жители на комплексот „Маврово2 Резиденс“ на располагање стои продажен тим на компанијата кој на телефонскиот број 070 360 103 ќе им ги понуди најдобрите можности на сите вљубеници во Маврово што сакаат национланиот парк во иднина да биде нивни втор дом. 



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.