06.03.2021

Сместување кое ќе биде тренд во 2021-ва а се наоѓа во Македонија

Сместување кое ќе биде тренд во 2021-ва а се наоѓа во Македонија

Подгответе ги куферите за патување бидејќи во базата на Кајак.мк додадовме едно доста добро и уникатно сместување кое се наоѓа на 1000 метри надморска височина, а поточно во селото Модрич.


Модрич е село кое се наоѓа на западот од Македонија, помеѓу Струга и Дебар. Во ова село се наоѓа уникатната и реставрирана куќа „Модрич“ која спаѓа во категоријата сместувања кои се тренд за 2021-ва година. Доколку сте патници кои бараат престој на места кои дишат историја, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.


Модрич е познат по својата уникатна местоположба и чистиот воздух, изворите со вода за кои е и снимен игран филм на таа тема „Време Води“ од Бранко Гапо, гостопримливота и отвореноста на луѓето кои живеат или потекнуваат од таму. Сместено на планинскиот венец на Јабланица, селото има богата историја и култура.


Луѓето што живеат во Модрич се со мијачка култура, а за оние кои не се запознаени, мијаците се етнографска група на Македонци кои живеат во регионот на Долна Река (Долна Река), исто така познат како Мијачија, а кој регион брои од 30.000 до 60.000 лица.


Во Модрич, покрај длабоката култура, она што привлекува многу туристи е и дивата и недопрена природа, изворите, шумите и реките кои се едни од најпознатите во Македонија. За љубителите на авантурите, мора да споменеме дека околу Модрич се наоѓаат доста познати планински врвови. Во селото се наоѓа и тврдината Модрич, која имала огромно значење во осмалниското владеење.


Затоа без размислување, дали треба да го посетите ова село, бидејќи ова е дефинитивно вистинската авантура за сите вас.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации за куќата Модрич, кликнете ОВДЕ.



Остави Коментар

Коментари

  • NIKOLA JOSIFOSKI

    03.04.2021 18:14

    AKO MOZE LOKACIJA I USLOVI

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!