17.07.2021
Етно село со базен и спа центар за рекреација
Етно село со базен и спа центар за рекреација
Саботата навечер е добар период да ве запознаеме со уште едно сместување кое воедно има свој ресторан и базен, а кои се идеални да ги посетите во недела преку ден. Доколу имате слободен викенд, а живеете во Скопје или некои од околните градови кои се во близина на Старо Нагоричане, наш совет е да си организирате еден активен викенд и со велосипед го посетите комплексот „Етно село Тимчевски“. По самото пристигнување овде, следува туш во вашето сместување, а потоа една уникатно гастрономско искуство во ресторанот на комплексот.

Нашиот тим ве
запознава со домаќинот Кристијан, кој ги отвори своите врати за светот на
Кајак.мк.
Кристијан е дел од тимот на комплексот „Етно село Тимчевски“ кое се наоѓа во село Старо Нагоричане. Овој комплекс има уредена бавча и тераса која работи и преку зима, а целиот дизајн е во етно стил.

Во склоп на сместувањето има и СПА центар, два надворешни базени и природа која го опкружува комплексот.

Старо Нагоричане
се наоѓа од десната страна на реката пчиња во североисточна Македонија.
Комплексот пак, се наоѓа недалеку од реионалниот пат Куманово- Крива Паланка на
надморска височина од околи 500 метри. Од градот Куманово, ова сместување е
оддалечено околу 14 километри.
Доколку сакате повеќе информации од
сместувањето, форографии и контакт, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.