24.04.2020

Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти

Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти

Милано, еден од градовите коишто се погодени од коронавирусот, веќе размислува пост-„апокалиптично“ за продолжување на животот. Откако ќе се олабави градот од мерките за борба против пандемијата, градот ќе воведе план се со цел да ги охрабри граѓаните да возат повеќе велосипеди и пешачење, намесот користење на превозни средства. 


(ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Група жени во Венеција доставуваат храна преку гондола)

Градот има цел да трансформира над 20 километри улици со пошироки велосипедски и пешачки патеки. 

Градот, кој е еден од најзагадените во Европа, ја спроведува мерката се со цел да го намали бројот на возила, откако беше согледано дека загадувањето е намалено по воведувањето на градот во карантин. 

Марко Граннели, заменик-градоначалник на Милано, за „Гардијан“ вели: „Работевме со години на намалување на употребата на автомобили. Ако сите возат автомобил, нема простор за луѓе, нема простор за движење, нема простор за комерцијални активности надвор од продавниците. Бидејќи сакаме да ја разработиме економијата повторно, првично имаме намера тоа да го направиме на поразличен начин од претходното“.

(ЧИТАЈ ПОДОЦНА: 10-те најзелени градови во светот за 2020 година)

Работата на инфраструктурата ќе започне на почетокот на мај, со воведување нови ленти и проширени тротоари. Остатокот би бил комплетиран до крајот на летото. 

„Планот на Милано е толку важен, затоа што дава добар пример на тоа како да го рестартирате градот сега“. „Ова е можност да сврите нов лист, а тоа да ви донесе многу подобри резултати за разлика од претходно“, додава Граннели. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!