02.08.2022

Викендица во село Рамне достапна за изнајмување

Викендица во село Рамне достапна за изнајмување

Едно од нашите омилени села во Македонија си добива ново сместување во базата на Кајак.мк. Село Рамне е идеална дестинација за оние кои сакаат селски живот, чист воздух, прекрасен поглед кон Охридско езеро и секако добра храна.

Локалните мештани во селото ќе ве дочекат со љубопитни поздрави и прашања од каде доаѓате, а токму тие може да ви обезбедат здрави локални намирници за подготвување на вашиот оброк.


Денеска нашата база ја збогатуваме со вила Недески која се наоѓа во селото. Станува збор за нова градба изведена во охридски стил.

Оваа вила располага со пространа тераса од која имате поглед кон Охридско езеро, а сместувањето има и парк кој овозможува добра забава и уживање. Опкружувањето како што ни велат домаќините е мирно и тивко. Околината е во шумски појас, што ви овозможува релаксирање во милион нијанси на зеленило.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!