28.10.2020
Во село Слатино се наоѓа ова рустикална куќа која може да ја резервирате
Во село Слатино се наоѓа ова рустикална куќа која може да ја резервирате
Тимот на Кајак.мк продолжува со промоцијата на сместувачки капацитети во Македонија. Во месец октомври пополека се искачивме на планините. А кога сме веќе кај нив, би сакале да ве прашаме: Дали сте слушнале за село Слатино?
До ова село можете да стигнете исклучиво по еден пат кој е од село Издеглавје и завршува во Слатино. Пред самиот крај на патот ќе ги пресретете врвовите на Илинската планина. Селото се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Илинска Планина. Во атарот на селото се наоѓа Слатинско Езеро, кое своето име го добило од името на селото. Низ самото село тече и Слатинска Река, каде се вливаат и одливните води на Слатинското Езеро. Оддалечено е 35 километри од северно Охрид и Струга, а 39 километри јужно од Кичево.
Автор:
Во селото се наоѓа споменикот посветен на револуционерите од илинденскиот и партизанскиот период, а има и споменик на жртва од масакрот кај Вејце.
Во селото има една продавничка. Но тоа не значи дека ова село нема богата историја. Овде се родени бројни личности кои биде дел од македонската преродба и создавањето на македонската држава. 
Недалеку од селото се наоѓа Слатинското езеро, кое за жал го “нема“ поради пукнатата брана. Во селото се наоѓа и рустикалната куќа на Лара која за селото вели дека живее на едно од најубавите места на земјата. Куќата е со задржана автентичност. Куќата ја препорачуваме на семејства кои сакаат да истражуваат и изучуваат повеќе за историјата на нашата држава, за она што се случувало низ годините, а притоа да го почуствуваат на своја кожа преку престојот во ова рустикална куќа.

Собите се опремени се се што ви е потребно. Куќата е 150 метри квадратни, а градината е 600 метри квадратни, што ви дава до знаење колку „простран“ може да биде вашиот одмор, нели? Внатршноста како и надворешноста е со задржан оригинален изглед. Но и покрај тоа што се работи за традиционална куќа во неа има греење, камин на дрва, опремена кујна, машина за алишта, фен, а паркинг имате пред самата вила. 
Куќата располага со две спални соби, бања со тоалет, трпезарија и кујна.

Што можете да посетите?
Црква „Св. Богородица“ — средишна парохиска црква, без податоци кога е изградена. Иконите се дело на зографот и иконописецот Аврам Дичов и потекнуваат од 1908 година. Според натписот во поткуполниот простор, црквата е живописана во 1910 година.
Црква „Св. Недела“ — изградена во 1858 година. Фрескоживописана е од Аврам Дичов во 1875 година.
Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква, осветена на 26 мај 2002 година од страна на Митрополитот Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.
- Манастири
Слатински манастир — сместен во близина на некогашното езеро, надвор од селото

- Езера
Слатинско Езеро — некогашно вештачко езеро, изградено на Мраморечка Река
- Реки
Слатинска Река — река која поминува низ самото село
На airbnb се наоѓа телефонскиот број за резервации кој е 070271809
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Уникатна вила на Маврово идеална за приватен одмор: Достапна за резервирање
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
