05.05.2022

Секое лето организираме школа за едрење по Охридско езеро

Секое лето организираме школа за едрење по Охридско езеро

Денеска во светот на Кајак.мк влегуваат "Акватика Јахтинг" - Здружение за спортско едрење во Охрид. Друштовото е формирано во 2015-та година од страна на долгодишни вљубеници во овој спорт, а ние денеска ќе разговаравме со Стефан Ставрев, кој е еден од основачите.


Стефан вели дека со години наназад организираат школа за едрење, која е наменета за сите возрасти. Старосна граница во едрењето не постои, вели тој и додава дека на нивните едрилици може да се забележат возрасти од 7 до 77 години.


Стефан раскажува за неговите почетоци, вели дека започнал од 7 години кога за прв пат се качил на едрилицата и започнал да ги открива тајните на спортот. Денеска има 49 години и се уште е активно вклучен во едрењето. 

Додава дека најважно од се е заинтересираните да избираат локални здруженија кои имаат скиперска дозвола за отворено води и кои се обучени за целосна безбедност на отворените води.


Нивното здружение за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ е лоцирано на плажата Горица 1. Школата започнува со завршувањето на учебната година се со цел да може секое дете да си дозволи присуство. Уписите траат од први до десети јуни, а пожелно е децата да знаат да пливаат, но во секој случај сите ученици носаат помошни средства за пливање како што се елеците за спасување.


Школата за едрење се состои од теоретски и практичен дел. Во зависност од возсраста се користат и различни видови на едрилици.

За децата од 07-15 години кои се и најбројна група се едри во класата оптимист, а за деца над 15 години обуката се извршува во Олимписките класи ILCA и класата 470. За повозрасните, се користат едрилици над 6 метри должина. Сето ова се одвива под будно око на теренскиот тим, кој со професионален теренски гумењак, ги следи активностите на вода.


Историјата на на нашата Школа за едрење е поврзана со самите едриличари, долгогодишни вљубеници во едрењето. Охридското езеро како најголем природен спортски неискористен терен нуди огромни можности за развој на едрењето, кој е пред се Олимписки и еколошки спорт.

Стефан вели дека условите кои ги имале како деца и сегашните услови се далеку поразлични. нивниот ентузијазам се покажува на дело, првично со создавање на услови за чувањето на едрилиците и опремата. Низ годините наназад едрењето во Охирд имало свои успеси и падежи, но денеска Стефан тврди дека е во голем развој.

Контакт од школата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.