17.11.2022

Престојувајте во етно куќа во селото со најубавите градски куќи

Престојувајте во етно куќа во селото со најубавите градски куќи

Буково е нова дестинација во базата на Кајак.мк каде ќе можете да изнајмите доста уникатно приватно сместување. Станува збор за реконструирана стара автенчтична куќа која е позната како „Попоска Куќа“.


Куќата се наоѓа во битолското село Буково, кое многумина го нарекуваат како селото со најубавите градски куќи.

Кога сте во оваа село мора да прошетате по тесните сокаци со градски куќи кои ќе ви дадат чувство дека се наоѓате на Широк Сокак. Она кое го прави уникатно оваа селце е местоположбата, а таа е на планината Баба.


Во Буково има околу 250 куќи и 4 цркви, а многумина кои го посетиле селото, повртоно се вратиле во него. Овде има несекојдневна архитектура. Селски кривулести улици со градски куќи, градби стари преку 100 години, а селото е инспирација на многу филмаџии. На овие простори се режирани сцени од филмот „Сенки на Балканот“.


Буково е на оддалеченост од 5 километри од Битола, на надморска височина од 770 метри. Бо непосредна близина на селото се наоѓа археолошкото наоѓалиште на античкиот град Хераклеја, кој е основан од Филип 2 Македонски.


„Попоска Куќа“ има повеќе двокреветни соби кои се опремени со единечни или брачни кревети. Сместувањето го препорачуваме на туристи кои сакаат да уживаат во тишината, да истражуваат и да научат нови работи и информации за регионот и селото.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.