15.04.2020
Водич во карантин: Интересни факти за Италија
Водич во карантин: Интересни факти за Италија
Бидејќи патувањата во моментов ни се паузирани, а луѓето се изолирани и затворени во своите домови, тимот на првиот агрегат за патување во земјата Кајак.мк се реши да ве води низ светото на истиот начин на кој го прават нашите водичи. За денеска имаме доста интересни факти за Италија. Не се многу на број, но затоа очекувајте деновиве многу повеќе!
Италија важи за една од најубавите земји во Европа. Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери. Па доколку сè уште не сте биле во Италија, но би сакале да ја посетите, следниве неколку работи би ви овозможиле да научите нешто повеќе за оваа воодушевувачка земја.
1. Никој не знае зошто и од каде Италија го добила името
Името потекнува од зборот italia што значи земја на млад добиток, а се претпоставува дека тоа е поради бикот кој бил симбол на племињата од Јужна Италија.
2. Италија е меѓу првите пет земји со најголема населеност во Европа
Според последните пресметки, во Италија живеат 59.830.000 жители.
3. Само во Рим има преку стотици фонтани
Околу 50 големи и небројно многу мали фонтани, не вклучувајќи ги т.н. nasoni кои ги користат пешаците. Најстара и меѓу најубавите е фонтаната Треви, која датира уште од 19 век п.н.е., а за која постои легенда која вели дека секој што ќе фрли париче во неа, еден ден повторно ќе се врати во Рим.
4. Италија се наоѓа над површина подложна на геолошки непогоди
Токму поради ова, во Италија многу често има земјотреси, а во последните 100 години имало ерупција на дури три вулкани.
5. Највисокиот врв во Западна Европа се наоѓа во Италија
Монблан (во превод бела планина) е дел од Алпите и е со највисокиот врв во Западна Европа – 4.810 метри.
6. Повеќе од 50 милиони туристи ја посетуваат Италија секоја година
Летниот и зимскиот туризам се важен дел од економијата во Италија, претставувајќи околу 60 проценти од вкупниот приход.
@czermak_photography
7. Најпопуларен спорт во Италија е фудбалот
Италијанските фанови се меѓу најфанатичните и најстрасните фанови на фудбал во светот, познати како tifosi – носачи на тифус. Меѓу другото, многу познати фудбалски клубови се токму од Италија: Јувентус, AC Милан, Интер и други.
8. Најголем празник во Италија е Божиќ
Земајќи предвид дека 85 проценти од населението се католици, Божиќ се слави на 25-ти декември, а Божиќниот распуст продолжува дури до 6-ти јануари.
9. Пастата не се послужувала со сос од домати дури до 1600 година
Пред 1600 година, пастата се јадела со мед и шеќер. Денес постојат повеќе од 500 видови паста низ цела Италија, а се смета за навреда доколку побарате кечап во ресторан.
10. Сите музички нотации се на Италијански јазик
Allegro, adagio, piano и многу други, италијански зборови кои се однесуваат на темпото, јачината и останато во музиката. Тоа е затоа што Гвидо Аретински е основач на системот кој се користи во современата музичка нотација.
Текст: Кафепауза
Ковер:
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!