08.12.2020

Дрвена вила со поглед кон Беровската „прашума“ достапна за изнајмување

Дрвена вила со поглед кон Беровската „прашума“ достапна за изнајмување

Берово, Берово, Берово... Кислород, сонце, пешачки патени и сирење. 

Кога сме веќе кај сирењето и други специјалитети во регионот, пред да ви ја преставиме вилата сакаме да слушнете и поради кои причини треба да го посетите регионот. Да, ние сме Кајак и развиваме малку поинаков концепт на патување. Односно нашата цел не е само да ви промовираме сместувачки капацитети, туку и атракции кои треба да ги посетите. Нели, седењето во вилата по цел ден не е туризам?

Вилите во регионот најчесто се без храна, затоа наш совет е да ги посетите хотел Манастирец преку ден и да ручате и вечерате во него. Или пак посетете го Пехчево, таму ќе го најдете ресторан Тропико кој служи страшно добра храна.

На прво место ви препорачуваме да го пробате Малешевското (Беровско) сирење. Тука се е биеното сирење, жежено сирење, кашкавал, буламач, урда, матеница, како и специјалитетите од малешевски компир комбиниран со клиси, а за десерт, колач од шумски диви плодови набрани од природата.

А кога изморени од прошетките низ планинските патеки и од посетата на старовековните цркви Св. Архангел Михаил, Пресвета Богородица и Рождество на Пресвета Богородица, ќе се вратите во топлата соба во која се слуша само пуцкањето на дрвата од каминот, напијте се чај од лековити билки.


Вилата „НАЈ“ располага со 2 апартмани кои се идеални за топол чај на балконот и уживање во топлите сончеви денови. Повеќе информации за неа можете да најдете со еден клик ОВДЕ. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.