16.06.2024
Планинска викендица на 900 мнв: Беровската Сливница
Планинска викендица на 900 мнв: Беровската Сливница
Дали сте слушнале
за излетничката локација Сливница? Но, не Сливница на Преспанско езеро, туку беровската
Сливница која се наоѓа на 900 метри надморска височина.
Оваа планинска дестинација изобилува со многу борова и дабова шума. Идеално мирен и тивок предел на кој секој би сакал да се одмори. Сливница се наоѓа на патот помеѓу Берово и Струмица, во близина на Суви Лаки. Ориентационо најблиску е до селото Ратево.
| Викендицата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

За оние кои сакаат одмор, спокој и тишина, или пак сакаат да ги прошетат своите деца во природа, треба да имаат предвид дека оваа викендица е идеална за две семејства со по две деца. Викендицата има внатрешна кујна и трпезарија, но има и надворешен затворен летниковец со целосно опремена кујна и огниште за скара. Местото ви нуди чист планински воздух, планински терен и секако можете да појдете на ручек до Бела Вода во Суви Лаки.
Сместувањето се наоѓа во мирна околина со неколку локални кампови. Сигурни сме дека сте љубопитни за повеќе детали, фотографии и дел од вас ќе сакаат да извршат резервација. За повеќе информации кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!