27.06.2024
За првпат во Македонија: Ноќевање во дрвени буриња
За првпат во Македонија: Ноќевање во дрвени буриња
Ако има нешто кое можеби треба да го резервирате уште денеска, тоа се овие уникатни дрвени буриња кои се наоѓаат во новиот еко камп на езерото Младост, во близина на Велес. По супер промотивна цена од само 35 евра за наем на цело буре за 4 лица, користење на летниот базен и сите реквизити во еко кампот!
Сместувањето можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ |

Просторот располага со 7 буриња во кои има еден брачен и два единечни кревети. Модерно уредени со чист и среден ентериер. Нови и модерни тоалети и туш кабини, простор за дневни седенки, летниковци и уште што не.

Самиот камп има паркинг простор, камери за обезбедување, одговорно лице кое го обезбедува просторот 24/7и ресторан во кој може да уживате во вкусен појадок, ручек или вечера.

Во паркот има летниковци за дружење, а околината ви одозможува прошетка околу езерото, велосипедизам и кајакарење. Самиот камп е целосно опремен со реквизити кои дефинитивно ќе го исполнат вашиот ден со физичка активност, а на децата ќе им овозможат да уживаат во целиот простор анимирајќи се со дрвените лулашки, справи и клупи.

Самиот камп има
амфитеатар идеален за логорски седенки навечер за цела група колеги, како и организирање
приватни настани за вашите најблиски.
Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн
резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Бобан Барбаре
29.06.2024 15:07
Прекрасна еко-креативна идеја и привлечна понуда за уживање во богатата природа на Македонија.
-
Aleksandra Blazevska
28.06.2024 23:55
Dali moze da se smestime okolu 17h-18h I koga moze sledniot den da se odjavime
-
Risto Gorgiev
27.06.2024 23:44
Здраво Дали може цена сега за Сабота вечер за 2 воз 2 деца (9,2) И цена за вечера и појадок. Благодарам
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
