18.09.2021

Уникатна вила недалеку од Скопје: Побегнете за миг

Уникатна вила недалеку од Скопје: Побегнете за миг

Еј друштво. Месеците октомври и ноември знаат да бидат доста депресивни кога станува збор да престој во градските урбани средини. Повеќето од вас со сигурност ќе се согласат дека доколку имале можност би го понеле својот компјутер и лап-топ би би работеле некаде надвор од центарот на градор, каде може на раат да се креираат нови идеи, а воедно да се ужива во спокојната природа.


За да им помогнеме на таквите кои летово немале и се уште немаат шанса да ги напуштат домовите поради работните обврски, тимот на Кајак.мк Ве запознава со уште една уникатна вила опколена со зеленило, а во која би биле за половина час од центарот на Скопје.


Станува збор за вила која се наоѓа пред населбата Пинтија, а која е на скромна надморска височина што го прави воздухот поразличен од градскиот.

Домаќинот Филип вели дека местото е идеално за релаксација и мир од секојдневната бркотница, а исто така претставува можност за оние кои сакаат да посветат повеќе време на себе и на своите најблиски. Вилата има детско игралиште што е идеална опција за фамилијарни седенки, овде постои можност децата да сликаат и творат во природа или да се активираат со разни други детски активности.


Куќата располага со огромен двор, што ви дава интимност и го оддалечува соседните куќи од вас.

Во непосредна близина на вилата се наоѓа патека која може да се користи за прошетки, а она што можеби е доста важно да се потенцира е фактот дека вилата дозволува влез на домашни миленици.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.