04.01.2021
Вила на Попова Шапка: Сокриена во борова шума и идеална за снежни денови
Вила на Попова Шапка: Сокриена во борова шума и идеална за снежни денови
На Попова Шапка имаме многу снег! Белина и убавина! Еко тимот на Кајак.мк ви препорачува престојните викенди да го посетите ски центарот и да се уверите дека и во Македонија може да се ужива во зимските спортови. Денеска ве запознаваме со викендицата на Пуљо. Опколена со борова шума и прекрасен поглед, а сместена во мирна и тивка област. 
Вилата е идеална за љубителите на скијањето. За оние кои не се запознаени, Шапка е една од омилените дестинации кај скијачите. Се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Зимско-рекреативниот центар е одалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. 
Во вилата може да се сместат максимум до 8 лица, а целата куќа има 5 кревети и едно купатило со тоалет.

| ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА, КЛИКНЕТЕ ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.