24.03.2021

Карантинот ме запозна со макрамето, мојата втора опсесија

Карантинот ме запозна со макрамето, мојата втора опсесија

Пандемијата поттикна многу жени во државата да го искористат своето слободно време во карантинот и да започнат со ново хоби кое кај некои од нив поттикна љубов и им помогна да се пронајдат во нови светови. Нашиот тим ве запознава со Снежана Попова од Охрид која по професија е музички професор, а во слободно време се бави со плетење на макраме.


Снежана вели дека тешкотијата од карантинот, самото затварање дома, ограничувањето на социјалниот живот, домашните и училишните обврски кои станаа преголем терет и дале причина да бара нови начини како да се ослободи од сето ова.


Започнала да гледа креативни видеа на јутуб и веднаш се заљубила во макрамето. Првиот чекот и бил набавка на макраме конец со кој започнала да експериментира. Сега е преокупирана со ова домашен занает кој и носи дополнителен приход.


Снежана вели дека макрамето и македонскиот етно елемент би биле одличен спој доколку ги искомбинираме правилно. Макраме техниката не потекнува од македонските простори, туку доаѓа од Стариот Исток, нуди многу различни начини на изработка, а доколку се вметнат боите на македоснкиот фолклор би се добила одлична комбинација, вели Снежана.


Снежана не се сомнева дека макрамето може да пробуди интерес кај туристите. Охрид како летен туристички центар, заедно со езерото е во добра комбинација со бохо стилот. Ваквите украси би се прилагодиле совршено на летните тераси на рестраните и хотелите, како и на самите плажи.


Таа е фокусирана на промоција на нејзините производи со цел да ги запознае сите со она што го работи. Има план да учествува на многу престојни базари на рачни изработки, но и да има производи од секаков вид во секое време.

Остави Коментар

Коментари

  • Biljana Miseva

    27.03.2022 23:14

    Preubavo ..Bi sakala da se slusneme i dogovorime pozdrav

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!