25.10.2020
На Тоскова Ливада има вила изолирана од сè
На Тоскова Ливада има вила изолирана од сè
Почнаа врнежливите денови, ама тоа не е страшно ако имаме желба за патување. Ние велиме тој што се “вади“ со дождот, сигурно не му се патува. Така да, дождот почитувани патници не е пречка за патување, туку напротив, ви дава нови можности и доживувања.
Додека врне сигурно сакате и да уживате на некоја планина, отцепени од сите, да го слушате дождот, па ако не врне да ги слушате звуците на приридата. Поубаво нема.
За да ви го зголемиме апетитот за патување на отцепени места во Македонија, денеска ве запознаваме со „Вила „Тоскова Колиба“ која се наоѓа на одлична локација покрај река Брегалница, во непосредна близина на црквата Св. Богородица, Св. Димитриј, оддалечена на 4 километри од Беровско Езеро и 3 километри од центарот на градот Берово.
Вилата располага со, 4 соби опремени со ТВ, 2 купатила, голема летна кујна, кабловска и интернет.Обезбеден е и паркинг простор. Гответе во пар или во поголема група на пријатели.
Вилата има простран зелен двор во кој можете да вежбате, спортувате и рекреирате. Медитирање? Секако!
За скептиците кои го сметат дождот за непријател при патувањата, еве неколку совети од нас за тоа што може да правите додека врне.
Згответе локални намирници. При патувањето кон сместувачкиот капацитет, без разлика дали е во Берово, Маврово, Пелистер и другите, вие можете да набавите локални свежи намирници и да приготвите храна која е верна на регионот. Ако во околината има ресторан, кафеана, рибник, не двоумете се да ги посетите и каснете нешто таму, локалците се секогаш подобри готвачи, а и така ќе помогнеме на домашната економија.
Дегустирајте локални шумски чаеви набрани од локалците. Денеска е 21ви век, лесно може да најдете контакт од локалното населени, па и од самиот сопственик на објетот кој може да ве поврзи со луѓе кои собираат шумски чаеви. Замислете надвор врне, вие имате на маса 5 вида на сув чај, колачи со мед и добра музика. 
Alice Pasqual
Понесете си чадор, добри обувки, облека што штити од дожд и истражете го регионот. Секој објект се наоѓа на локации кои вредат да се истражат. Во овој случај беровското езеро, реката Брегалнцица и локалните цркви.
Информации и резервации на вилата на: 071 373 982
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица