12.01.2021

Промовираме планински туризам и се надеваме дека ќе допре до секој млад човек

Промовираме планински туризам и се надеваме дека ќе допре до секој млад човек

Додека надвор студот коси, дел од туристите го користат одморот за да прошетат низ Македонија, а дел чекаат да се отворат повторно границите, тимот на Кајак.мк ве запознава со екипата од четири момци кои неуморно движат во рамки на “затворената природа“ во време на пандемијата. Познати по својот инста профил @timelessviews.mk.


Тајмлеси е екипа од четири момци (за сега) -  Џоле (фотограф), Џоџо (gopro снимател), Борис (хајкер) и Алекс (уредник). Како што ни велат тие, секој со свој мерак и пасија. Основоположник на оваа #велолепна иницијатива е Џоле(Стефан Б.), а за кратко време се приклучиле и останатите.




Момицте велат дека идејата да започнат со ваков проект ја добиле барајќи „погледи за кои вреди да се живее“. Откако започнале да патуваат низ Македонија, се решиле да крекираат и профил наречен Timeless views.


Профил преку кој ќе може да ги мотивираат сите млади да излезат од дома и да бидат повеќе активни.

Мотивацијата ја создаваат многу едноставно. Се искачуваат на врвот на планината и прават фотографии на кои се гледа “целиот свет“. Мотивација плус е слободата, чистиот воздух, фотографијата и доброто другарување.


За нив главниот мотив е недопрената и за жал неприкажана убавина која е насекаде околу нас во оваа наша прекрасна држава. Патуваат бидејќи сакаат да прикажат дел од прекрасните места во Македонија но и да поттикнат други да уживаат како нив.

Преку фотографијата го промовираат планинарски туризам а ќе продолжат и со снимање на „хајкинг“ креативни видеозаписи. Во иднина се надеваат дека ќе ја прошират екипата и ќе создадат колектив од авантуристи, фотографери и сниматели.


На нашето прашање кои им се омилени места во Македонија, одговорот е ваков:


  • ЏОЏО: Солунска глава

  • ЏОЛЕ: Национален парк Галичица

  • АЛЕКС: Љуботен, Шар Планина

  • БОРИС: Пелистер, Баба Планина

Ова се топ 3 локации за пост-ковид во Македонија:

  • Титов Врв

  • Лешница

  • Голем Кораб


Кои дестинации надвор од Македонија ги препорачувате на нашите патници?

  • Национален парк Пирин

  • Национален парк Јосемити (Yosemite) 

  • Pico de Arieiro - Madeira, Portugal

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!