20.01.2022

Ратевските бамбурци: Приказна која се раскажува секој дваесети ден од јануари

Ратевските бамбурци: Приказна која се раскажува секој дваесети ден од јануари

Ако започнете од првиот јануарски ден да патувате низ Македонија, следејќи ги сите традиционални манифестации низ селата и градовите, верувајте дека ќе треба да патувате цел месец за да се запознаете со сите традиции и обичаи кои се одбележуваат од страна на локалните мештани.


Денеска, заедно со нашата локална авантуристика Сара Павловска која ги направи овие прекрасни фотографии ќе ве прошетаме до селото Ратево во Малешевијата. Во ова село, секој 20-ти јануари, традиционално се одбележуваат „Ратевските бамбурци“, каде локалните жители се маскираат и дефилираат низ селото со маски направени од животински кожи.


Како и сите други јануарски манифестации, така и „Ратевските бамбурци“ имаат своја симболика. За овој настан се верува дека го практикувале првите жители на Ратево, а мештаните за името „бамбурци“ сметаат дека е варијатна од „бабари“, додека повозрасните сметаат дека првото име за маскираните поворки бил „русалије“.


Ваквиот настан има пагански елементи, но се оддржува традиционално секоја година на празникот Свети Јован Крстител. Маскираните луѓе излегуваат на улица и дефилираат низ селото верувајќи дека на овој начин ќе го избркат злото од селото.


Она што е уникатно за настанот е начинот на кој се подготвуваат маските. Подготовката се прави во посебно одредени простории и од посебни дружини, но и во денови за кои православните христијани сметаат дека се „некрстени денови“ односно од Божиќ до Водици.


Секој учесник подготвува костум од животинска кожа, која е најчесто од овца или коза. Покрај шиењето на кожата, учесниците додаваат и рогови, ѕвонци и клопотарци.


Овие кожи се обработуваат со сол, а подоца се сушат. Целокупната подготовка може да трае околу две недели, а дел од костумите се тешки и до 70 килограми. Секој кој е присутен на настанот го шараат по лицето со „сажџи“, доколку бамбурците забележат дека некој од гостите не е маскиран доаѓаат и му го бојадисуваат лицето со црна боја.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!