13.02.2024
Овој викенд ќе се одржи настанот „Треил трка за вино и љубов“
Овој викенд ќе се одржи настанот „Треил трка за вино и љубов“
Тимот на Кајак.мк со одличен предлог за сите тие кои во моментот размислуваат каде да појдат овој викенд. Без разлика дали сакате трчање или сте љубител на нови вкусови вино. Ова е одличен настан за сите вас.

На ден 17.02.2024-та во селото Долни Дисан (Неготино) ќе се одржи треил трка за вино и љубов. Трката е со должина од 8 километри и ќе биде малку за натпревар, а многу за уживање. Така и ние со задоволство ќе се придружиме на традицијата на започнување на годишните активности за лозовите насади со закројувањето и ќе дадеме свој придонес во промоција на винскиот крај на Долни Дисан и Неготино, велат организаторите.

На настанот можете да се пријавите за трчање каде коризацијата е 1000 денари, а со неа добивате и дегустација и храна, а можете да се пријавите и како дегустатори со котизација од 300 денари.
Правила за трката:
- Превземање на стартни пакети: 9:30 часот
- Стартот на трка е во 10:30 часот.
- Сите учесници стартуваат одеднаш
- Мерењето на времето ќе биде електронско
- Секој учесник ќе биде ДОЛЖЕН да застане на секоја окрепителна станица
- Секој учесник треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се послужи со најмалку 2 од понудените опции за дегустација – 1 пијалок и 1 парче храна.
- На секоја станица ќе има СУДИЈА кој ќе става лепенка на одреденото место на бројот со која ќе се потврдува дека учесницкот ја исполнил својата обврска за дегустација
- За да биде рангиран за една од наградите, СЕКОЈ УЧЕСНИК ПОТРЕБНО Е ДА ЗАСТАНЕ и да дегустира на секоја од окрепителните станици.
- Учесникој кој нема да застане, или нема да дегустира на окрепителните станици, нема да биде земен во предвид при конечното рангирање за доделување на наградите
- По пристигнувањето на целта секој учесник добива подарок и му се овозможува уживање со дегустација на вино и храна и локални производи.
Ќе бидат прогласени победници во следните категории со
награда и диплома, според следните категории.
- Деца девојчиња (до 14 год.)
- Деца момчиња (до 14 год.)
- Возрасни жени
- Возрасни мажи
- Сениори жени (50+)
- Сениори мажи (55+)
- Семејство (семејство се смета доколку се пријават за учество заедно најмалку 1 родители и најмалку 1 дете до 14 години)
Контакт за трката: Сунчица Арсовска 070 278 472

На настанот ќе
има изложено мали семејни винарии каде ќе можете да купите нови вина, а со тоа
да им дадете поддршка на производителите.
Повеќе информации
за настанот можете да најдете на следниот линк каде воедно можете и да се пријавите.
Кликнете ОВДЕ.
Фејсбук евент: https://www.facebook.com/events/764669858891786/?ref=newsfeed

За настанот исто така има и организиран превоз од Скопје. Контакт
број од организаторите: 070 278 472
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.