12.10.2022
Заедно со мојот брат произведуваме 100% природно пиво
Заедно со мојот брат произведуваме 100% природно пиво
За патувачите на Кајак.мк кои се во постојана потрага по дегустација на нешто ново, вкусно и автентично, ги информираме дека од денеска нашата база „Гастрономија“ ја надополнуваме со микро пиварницата Бакревски која зад себе има интересна и уникатна приказна.
Пред сѐ, мора да истакнеме дека тимот на Кајак.мк е среќен што го запозна Марјан Бакревски, кој по професија е професионален музичар, а своето хоби со производство на „крафт“ пиво го започнал заедно со неговиот брат, со кој денеска произведуваат преку 5 тона или 10.000 шишиња месечно. Она што нам не радува е фактот дека преку нашите тим-билдинг организации сега можеме да им дадеме поддршка и на овие локални момчиња кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот. Ова е уште една попатна дестинација во Битола која заслужува внимание од секој.

Марјан вели дека заедно со неговиот брат кој по професија е стоматолог, нашле заедничка пасија и интерес во правењето добро пиво. Се започнало од едно обично тенчере од 20 литра и комбинација на состојките кои ги промешале во дневната просторија. По првото тенџере, набавиле и второ, трето, па се до денеска, кога имаат мини пиварница која произведува доволно пиво за да насмее многу лица.

Марјан има студирано во разни земји, почнувајќи од САД, по што се преселува во Виена, на кои локации живее со екипа музичари кои правеле домашно вино, ракија и добра храна. Поттикнат од фактот дека секој од неговите пријатели подготвува нешто свое и уникатно, одлучува да отпочне со производство на пиво во период кога немало суровини на пазарот во Македонија.

Првото пиво го произведува пред цели шест години, а причината поради која не запира до денеска е како што вели тој: Кога еднаш ќе пробате добро пиво, веќе нема враќање назад. Овде сте во постојана потрага по подобар рецепт од претходниот. Нешто што е слично како во музиката, вели тој.

Процесот на производство на пивото е со потопување јачмен во вода, варење на водата, додавање хмељ, ладење и додавање квасец кој за еден месец ти созрева во добро пиво. Повеќе информации може да добиете доколку стапите во контакт со пиварницата и секако доколку дегустирате добри пива.


Пивото кое го произведува го носи името БАК, етикета и дело
на дизајнерот Дарко Ристевски, кој изработува камелеон кој ја менува бојата во
зависност од пивото. Стартувале со јачменово, IPA пиво, темно STOUT пиво и пченично.
Локацијата и линк
за комуникација со „Пиварницата Бакревски“ можете да ги погледнете со еден клик
ОВДЕ.
Коментари
-
Снежана Димпва
12.10.2022 21:50
Најдоброто пиво што сум го пробала. Само продолжете. Прекрасни млади луѓе, прават прекрасни нешта. Ви посакувам само успеси.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!