22.03.2024

Нов планински бунгалов на 1200 метри височина достапно за резервации

Нов планински бунгалов на 1200 метри височина достапно за резервации

Сместен на магична надморска височина од 1200 метри, во срцето на недопрената природа која го бакнува Беровското езеро, се отвори уште еден нов бунгалов идеален за еден пар кој сака да ужива во приватноста и спокојот. Бунгаловот можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ.


Бунгаловот се наоѓа на Клепало и располага со една соба опремена со удобен брачен кревет, што го прави идеален за две лица. Собата е опремена со сè што е потребно за удобен престој: модерно купатило, телевизор и фрижидер.

За дигиталните номади, битна е информацијата дека ова сместување има достапен Wi-Fi, што ви овозможува он-лајн работа во недопрена природа.


Околината на Клепало е навистина фасцинантна. Освен блиското езерце и бачилото, гостите можат да уживаат во прошетки по обележаните патеки, откривајќи го богатството од флора и фауна. Во близина се наоѓа и ресторан, каде што може да се проба автентичната локална кујна. Што значи дека нема простор за патика за тоа што би јаделе додека престојувате овде.

Клепало не е само место за спие ње, туку вистинско искуство кое овозможува да се поврзете со природата и да ги наполните батериите. Секој момент поминат овде е момент на уживање во мирот и тишината која ја нуди оваа уникатна локација.

Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.