13.04.2023

Отцепена викендица на Равна Река достапна за резервации

Отцепена викендица на Равна Река достапна за резервации

Среќни сме што се повеќе домаќини се одлучуваат да ги отворат своите врати за светот на Кајак.мк во кој царува едно поразлично движење кое ја дише новата ера на туризмот во Македонија. Среќни сме што се повеќе патувачи се одлучуваат да го честуваат животот преку активен туризам, пешачење, запознавање локални херои и давање поддршка на локалната економија.


За оние кои досега немаат слушнато за „Равна Река“, би сакале да ви споделиме неколку реченици кои ќе ве потикнат да го контактирате Александар и да резервирате престој во неговата вила.

Равна Река е позната по пехчевските водопади кои се наоѓаат на ова поднебје. Областа се наоѓа под самата македонско-бугарска граница кај Ченгино Кале, каде се наоѓаат изворите на реката Брегалница. Посетителите овде може да уживаат во уредените пешачки и велосипедски патеки, а во центарот на населбата се изградени исто така и терени за фудбал, ракомет, одбојка и слично.


Она што го прави уникатно ова место е буковата шума, во која се наоѓа и вила Александар. Вилата е оддалечена околу 10 километри од центарот на Пехчево, што значи дека гостите може да одвојат од своето време и да го посетат градот. Вилата е идеална за фамилијарни патници кои сакаат мир, тишина и чист планински воздух. Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!