10.11.2020

Како е да се кампува на Преспанско езеро на есен?

Како е да се кампува на Преспанско езеро на есен?

Деновиве имаме одлично ноемвриско сонце. Преку ден топло, а навечер веќе се чуствува зимата. Меѓутоа не смееме да отстапиме од волјата за да продолжиме со авантуристичките патувања. Денеска ќе ве запознаеме со Бети Котовчевска, која на својот инста е позната како @_betika_.

Нашиот патувачки тим, за неа би рекол, дека е девојка која знае и умее да ужива во патувањето во секој период од годината. Со Бети ќе разговараме на две теми, едната е кампување на Преспанското езеро на есен, а другата е доста интересна тема, поврзана со прашањето: Како е да се плива во студени води? За втората тема бидете подговтвени да дознаете во текот на наредните денови. 

Бети вели: Есен во Ресен, како што зборовите се бакнуваат во рима, нашата Преспа во есен се претвора во една мала бајка преплетена со чист воздух, поле полно со ароматични јаболки и пејсажи кои те оставаат без здив.

Во ова време невреме, акцентот не ни сакам да го ставам на она што самите вести го прикажуваат, едноставно сликата за мене не е таква, во мојот ден едно нешто што не може да биде стабилно се само временските услови. Есента знае да биде непредвидлива и баш затоа ја сакам, знаете предизвик е да носиш заштитна опрема за минусни температури и костим за капење во исто време.

Секој слободен миг го користам да ги впијам последните зраци сонце пред зимата, да го гледам преспанското езеро како спие во прегратките на златно-жолтите планини и да заборавам на урбаното лудило.

Последно кампував во Отешево на местото викано Черти Камен, близу нашето езеро. Утрото беше тмурно, ветровито, а небото тешко, секој момент дождот беше неизвесен. Но сепак дождот ни треба на сите, не е непријател, само го осигурав мојот шатор со додатни тежини и останав цел ден. Чист воздух, топол чај, книга и пред мене недопрена природа.

Предноста на преспанските простори е што кампингот како таков не е многу застапен, и реткост е тука да забележите шатор. Но затоа, ќе се изнадишете чист воздух и ќе ги изнасликате пеликаните кои живеат на овие простори.

Есента личи на нас камперите, нема мирен дух, не знаеш на што си, каде си и до кога си. Таман ќе помислиш бура се спрема, знае да те награди со дупло виножито како мене во текот на престојот. Черти камен е локација со недопрена природа, блиску до неа се нашиот национален парк Галичица, Селото Стење и недопрената убавина на селото Коњско, баш затоа е добра почетна точка за кампинг.

Наполнете го вашиот ранец со храна и се што ви е потребно бидејќи најблиското село со продавничка е од прилика 8 километри оддалечено од местото кое колку што е диво толку е и убаво.

 За убав ден треба волја, недопрената природа е гратис!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.