05.04.2024
Дали некогаш сте едреле на Охридско езеро?
Дали некогаш сте едреле на Охридско езеро?
Тимот на Кајак.мк е среќен што ја надополнува својата база на атракции мои можете да ги доживеете во Македонија, а тоа е едно незаборавно едрење по Охридското езеро. Денеска ве водиме на крајбрежјето на Охридското езеро, каде што се укотвени новите модерни едрилици подготвени за новите гости за престојната сезона. Можете да испратите барање за резервација на тура со еден клик ОВДЕ.

За авантуристите и патувачите кои сакаат да ги истражат скриените богатства на заводливото Охридско езеро, ние ви гарантираме дека ова е можеби и единствената можност да го истражите крајбрежјето на еден сосема поразличен начин, уживајќи во мирот, тишината и ветрето кое ќе ве движи по водите на езерото. Ерилиците се дизајнирани за мали групи од 6 лица, што ви овозможуваат инитмно и професионално искуство. Турите ги реализираат професионални инструктори и капетани, кои покрај авантурата по езерото, ќе ви раскажат и многу за историјата, културата и екологијата на регионот.

Турите со едрилици се идеални за групи пријатели, семејства или парови кои сакаат да поминат опуштен ден на вода, далеку од градската врева и метеж. На располагање се разни тури, почнувајќи од кратки двочасовни тури па се до целодневно изнајмување на едрилица.

За време на турата ќе имате можност да доживеете едно поинакво искуство со едрење, да стекнете вештини за контрола на едрилицата и да го земете кормилото во ваши раце. На самите едрилици има доволно место за опуштање и сончање, за оние кои сакаат уникатно и ексклузивно искуство, имаат можност да резервираат опција со закуски и вино.

За време на турите имате можност и за освежувачко нуркање во кристално чистите води на Охридското езеро, на локации на кои не би помислиле дека некогаш ќе можете да ги посетите. Затоа без разлика дали имате искуство, тимот на Кајак.мк ви препорачува да го искусите ова задоволство.
Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн
резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.