08.01.2021
Престојувајте на Беровско езеро, овде има кислород!
Престојувајте на Беровско езеро, овде има кислород!
Во Берово се уште нема снег. Но има многу кислород. Јеп. Има кислород во огромна количина, што преставува одлична можност да побегнете од загадените градови и да ги прочитите вашите бели дробови барем на викенд.
Ако се прашувате поради кои причини треба да го посетите Берово, тогаш одговорот е едноставен. Прекрасната природа, чистиот и здрав воздух со најголема концентрација на кислород, здравата храна, богатството од шумски плодови и лековити треви и локалните специјалитети кои се наделеку познати по својот квалитет.
Кога сме кај сирењата. Нашиот тим ви го препорачува да го пробате Малешевското (Беровско) сирење, биено сирење, жежено сирење, кашкавал, буламач, урда, матеница, како и специјалитетите од малешевски компир комбиниран со клиси, а за десерт, колач од шумски диви плодови набрани од природата.
За оние кои бараат престој, среќни сме да ве информираме дека од денеска наѓшата база од приватни сместувања се збогатува со уште една прекрасна вила на Беровското езеро која има извонреден поглед. Вилата ја препорачуваме на млади брачни парови кои имаат мали деца. Искористете го одморот на децата, одалечете ги од нивните телефони и компјутери преку кои учат онлајн и за викенд одведете ги на езерото.
| Доколку сакате да погледнете повеќе информации и фотографии од вилата, кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!