30.03.2021

Се враќа назад во своето село во Албанија и започнува туристичка приказна

Се враќа назад во своето село во Албанија и започнува туристичка приказна

Нашиот туристички сервер не би бил комплетен ако не ги раскажуваме и приказните на локалните херои од соседните земји кои треба да ни бидат причина да ги посетиме престојното лето. Тимот на Кајак.мк е радосен што расте бројот на корисници на серверот нашиот сервер, а се надева дека веќе поттикнал промени во размислувањето на многу патници за начинот на патување. 


Нашата цел е да ве запознаеме со луѓето кои создаваат туризам, бидејќи позади секоја добра туристичка приказна, стојат уморни раце. Причината за патување во престојната година не ја гледајте во себе, гледајте ја во луѓето кои вложиле се за да ви ни ги направат животите поубави.


Денеска ќе ви ја раскажеме туристичката херојска приказна на  Алтин Пренга кој на свои 15 години ја напушта Албанија бегајќи од сиромаштија.

Алтин е роден во Фишта, село кое и денес живее од земјоделство и сточарство. Тој заедно со своето семејство го напушта домот кога имал само 15 години, бидејќи тогаш животот бил многу тежок за некој кој потекнува од земјоделска фамилија.


Заминува и расте во странство. Како што изминувале годините тој се повеќе се запознавал и го изучувал кулинарството. Во Италија научил како подготвува храна, како да преработува млеко, сирење и италијанско месо. Научил како да подготвува и мармалади. Со тек на време тој се повеќе осеќа страст кон готвењето и се решава да продолжи со градење на своја приказна. 


Во 2009-тата година Алтин се одлучил да се врати назад во Албанија и во родното село да отвори „Slow Food“ ресторан кој ќе се наоѓа во типична рурална област и кој ќе ги почитува албанските вредности и традиции.


Прави реставрација на стар албански објект на кој додава модерни елементи кои идеално се вклопуваат во целата приказна. Неговиот ресторан денеска го носи името „Мризи и Занаве“ и важи за доста популарен објект во северот на Албанија. Ресторанот денеска е дел од светските гастрономски туристички мапи.


Целта на Алтин била да создаде оптимизам кај локалното население да не го напуштат регионот, бидејќи без локалните земјоделци и локалната економија неговиот агро-туристички бизнис нема да постои.

Водејќи се од мотото „Think locally, eat globally“ за кое вели дека не го измислил туку дека е животна филозофија, Алтин денес работи со 400 земјоделски семејства со традиционални вредности од нивните поколенија. Овие семејства секојдневно му доставуваат на диви билки, калинки и млеко.  


За нашиот тим Алтин е модерен херој кој го ризикува успехот на Запад за родниот крај. Во „Мризи и Занаве“ се чусвствува италијанскиот дух кој Алтин го стекнал додека живеел во странство, но албанската гостопримливост има доминантно значење.


Селото Фиште каде што е отворен ресторанот се наоѓа во областа на Задрима, родниот крај на албанскиот национален поет Gjergj Fishta. Селото е одалечено само 45 минути возење од границата со Црна Гора, а половина час од познатата бреговита песочна плажа. Регионот Задрима е познато по своето културно наследство, како и по локалното вино Калмет.


Алтин одвај чека Албанија да се приклучи на Европската Унија. Неговите деца се родени во Европа и тој сака тие да растат во европска Албанија со европски стандарди од земјоделието и руралниот развој.

За него Мризи и Занаве е остварен сон, едно убаво кулинарско искуство. Горд на тоа дека ги вреднува работите кои Албанија ги нуди.

Остави Коментар

Коментари

  • Кајак Тим

    03.04.2021 23:35

    Емилија Митреска, продолжете да не следите, во текот на наредиот период ќе имаме уште многу информации од Албанија, Црна Гора, Србија и Грција

  • Емилија Митреска

    03.04.2021 21:26

    Одличен блог! Италијански Slow food ресторан во наша соседна земја, одличен предлог за посета!

Прочитајте повеќе

Струмички карневал 2026 – посетете ја Струмица доколку сте во Македонија

Посетете ја Струмица и доживејте го Струмичкиот карневал 2026. Живописни маски, музика, локални обичаи и гастрономија го прават овој карневал незаборавно искуство во Македонија.

Сè уште немате план за Св. Трифун? Откријте викенд полн со нови искуства со кајак.мк

Не чекајте последен момент за планови! Прославете Св. Трифун со викенд полн со вински тури, романтични дрвени куќички, рурални доживувања и нови, незаборавни искуства низ Македонија.

Свети Трифун – заштитникот на лозарите и виното

Дознајте кој е Свети Трифун, зошто е заштитник на лозарите и како се слави празникот во Македонија, со традиции, обичаи и винска култура.

Марина одгледува памук и преработува материјали во облека

Запознајте ја Марина, уметница која твори текстил, облека и накит од одржливи материјали. Нејзината работа спојува традиција, природни ресурси и одговорност кон природата и луѓето.

Алтернативен туризам во Македонија: како локалните искуства го менуваат начинот на патување

Алтернативен туризам во Македонија со фокус на локални искуства, автентични доживувања и човечки приказни. Откриј нов начин на патување.

Македонско семејство ја воодушевува Германија со храната и гостопримството

Од Струмица до Леверкузен: семејна приказна за храброст, вкус и успех. Приказните за успешните македонци достапни на Кајак.мк и Macedonia Abroad.