15.04.2021
Се преселив на Маврово каде на гостите им организирам активен одмор
Се преселив на Маврово каде на гостите им организирам активен одмор
Добри туристички приказни
имало и ќе има. Особено ако тие доаѓаат од сопственици на приватни сместувања
кои се дел од базата на Кајак.мк
Наша цел е да ја
вратиме довербата кај патниците и сопствениците, да изградиме подобро заедништво
и да докажеме дека секој може да престојува- насекаде.
Денеска ќе ве
запознаеме со Влатко Томовски, сопственик на „Вила Јана“ која се наоѓа на
Маврово.
Влатко е човек
кој се одлучил да се пензионира предвреме, да го напушти Скопје и да се пресели
на Маврово. Ни раскажува дека пространството на планината, скриените убавини,
снегот и природата се предизвиците кои го поттикнале да се отсели од Скопје и
да започне нов живот овде. 
На местото каде
се наоѓала старата викендичка со две спални соби што ја изградил неговиот татко,
денеска тој има доградено шест студија. На почетокот немал намера ја издава
вилата, но приказната за гостопримството се проширила, а со тоа и повиците од туристите
кои барале да поминат некој ден на Маврово. 
Денеска тој има
своја мисија, а тоа е да ги запознае гостите со регионот на начинот на кој
тој го познава. Вели дека иако ова место е познато по скијачкиот центар, сепак
за него Маврово е подеднакво убав на пролет, лето и есен. 
За да ја постигне
таа цел, ја опремемува својата вила со велосипеди, кајаци и SUP даски. Вели дека секој гостин во вилата може
еднаш да ги искористи бесплатно, бидејќи само на тој начин ќе може вистински да
го почувствува регионот и придобивките од активниот туризам.
Влатко вели дека
не е проблем да им овозможите на гостите да возат велосипед покрај езерото или
пак да уживаат во кајак или на SUP даска. Многу е важно на тие луѓе да им се обезбедат соодветните инструкции
и опрема. 
Како искусен кајакар,
практично ги запознава гостите со начинот на управување на кајакот или SUP
даската. Детално ги запознава со
езерото и им дели совети за тоа кои места се добри да се посетат. 
За планинските
велосипеди, пред се сака да ги процени гостите за тоа колку се искусни во
возење, а потоа да им предложи патеки по кои ќе може да уживаат. Засега има на
располагање десеттина велосипеди, 5 кајаци и 3 СУП даски со комплетни елеци, а
вели дека постојано ќе се надоградува. 
Влатко советува
дека секоја планина носи свои предноси и опасности. Од тие причини тој се
одлучил на своите гости и на сите други заинтересирани да им пружи еден вид на
скратена обука и запознавање со ризиците и задоволствата што ги нуди активниот
туризам.
Ни престојат
пролетни и летни месеци со многу сонце и зеленила. Маврово е одлично место за
да ја преселите вашата канцеларија во природа.
Дали можеби сакате да резервирате престој во вилата
Јана? Тогаш запознајте се со повеќе информации со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.