05.11.2020
Како да ја посетите Кина од дома?
Како да ја посетите Кина од дома?
Кајак.мк започна со кампања наречена „Патувајте од дома“. Чекајќи да се отворат границите забораваме како е да се биде турист во Европа и низ целиот свет. Нашиот тим ви организира патувања низ многу земји кои важат за #топ туристички дестинации.

Овојпат патувањата ќе бидат поразлични од досегашните и наместо да ги спакувате куферите, ние ќе се потрудиме да ги донесеме туристичките дестинации во вашиот дом. Воедно ќе ве изолираме од ширењето на Ковид-19, а ќе ви приредиме вистинско патувачко искуство.
Патувањата ги организираме во соработка со КликниЈади кои ќе се погрижат да ја достават храната која ние ќе ви ја препорачаме за едно одлично патување од дома.
Зошто баш „Кликни Јади“? Затоа што имаат секаков избор на храна, а храната е еден од главните симбили со кои се одликува една земја. Покрај тоа, доставата е бесконтактна и безбедна.
Денеска ќе патуваме низ Кина. Но пред да започнеме со советите за како најдобро да ги запознаете со Кина, отворете www.kliknijadi.mk и нарачете си кинеска храна. Нарачки можете да направите и на: 02 3060 200
Што ви препорачуваме ние: Луто пилешко, со бел ориз, љуто- кисели краставички и ориз, Свинско Му Шу, Пилешко со нудли, салата и супа, крцкава патка, говедско месо на жешка плоча, говедско месо со бамбус и шитаке печурки. Исто така во ова патување ја додаваме и Јапонија и традиционалното јадење кое веќе го има насекаде но потекнува од таму, а тоа се СУШИ. Додека сите кинески специјалитети може да ги најдете со еден клик ОВДЕ.
Ресторани кои ви ги препорачуваме се: Peking Garden и FOUR
Како може да ја запознаете Кина?
1.ПРЕЗЕМЕТЕ КИНЕСКА МУЗИКА ЗА МЕДИТИРАЊЕ:
Додека сте во вашиот дом и ја очекувате храната, ние ви предлагаме да се запопзнаете со инструменталната музика на Кина, која е одлична за домашен ноќен амбиент и со смирувачки карактер. Музиката можете да ја барате под Chinese Zen Music.
2. ГЛЕДАЈТЕ ФИЛМОВИ KОИ РАСКАЖУВААТ КИНЕСКИ ПРИКАЗНИ
Кога веќе ќе пристигне вашата храна од КликниЈади, започнува патувањето. Додека ја јадете, ние ви предлагаме да погледнете некој игран филм кој раскажува интересни животни приказни. Ова се нашите предлози:
1. Crouching Tiger, Hidden Dragon
2. Yi Yi
3. Farewell My Concubine
4. Mojin: The Lost Legend
5. Us and Them
3.ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОИ ОД НАЈДОБРИТЕ ДОКУМЕНТАРКИ:
Кина можеби најдобро би ја запознале преку документарните филмови. Наши предлози е да погледнете што е можно повеќе документарни филмови поврзани со: Кинескиот ѕид, развојот на големите кинески градови, стандардот на кинезите, нивните фестивали, религија, обичаи. Наши предлози се следните:
1.Last Train Home
2.The great wall of China (National Geographic)
3.Chronicles of Religious Percevution in China
4.Ature born in China (Поврзан со Пандите)

ПРЕТХОДНОТО ПАТУВАЊЕ НИ БЕШЕ НИЗ ИТАЛИЈА. КЛИКНЕТЕ НА НАСЛОВОТ ЗА ДА ПРОЧИТАТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:Како да ги посетите САД од дома? |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
