10.07.2023
Предлог гастро викенд: Преспанско сонце во Долно Дупени
Предлог гастро викенд: Преспанско сонце во Долно Дупени
Денеска гастрономската база на Кајак.мк ја збогатуваме со уште една попатна станица која може да биде ваше омилено место за ручек со најблиските. Тимот на Кајак.мк ве води на крајбрежјето на Преспанско езеро, поточно во село Долно Дупени каде што се наоѓа локалната меана „Преспанско Сонце“.

На самиот пат којшто води до последната плажа на езерото, од самата десна страна ќе ве пречека знакот на „Преспанско Сонце“ во мирен и тивок амбиент опколен со дрвца и ниви.

Ресторанот има затворен и отворен дел, а отворениот простор
е незаменлив во текот на пролетните и летни денови. Овде можете да вкусите
апсолутно се од македонската кујна. Како предјадења на располагање ви е овчото
сирење, макалата, сармите, тиквичките и друго, а како локални специјалитети
овде можете да нарачате преспански крап, преспанска белица, ѓомлезе, зелник или
разно месо приготвено во фурна.
Повеќе информации
за точната локација, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!