07.04.2020
Кајак интервју: Горјан- македонецот кој има посетено 45 држави!
Кајак интервју: Горјан- македонецот кој има посетено 45 држави!
Кајак: Дали би знаеле нашите патници , во која земја да се внивава при пасошка контрола?
Горјан: Најлошото искуство со пасошка контрола го имав на Малта крајна нечовечност и дискриминација дека доаѓам од Македонија и покрај запазување на сите правила за патување во Европската Унија ,а тоа се:
- важечки пасош не постар од 6 месеци
- резервација на хотел
- повратен билет
- финасии предвидени за престој во земјата за деновите на престој
Пасошката контрола побара да покажам кеш пари и покрај доказот од мојата банкарска сметка дека имам доволно пари за престој, со полициска придружба ме спроведоа до банкомат да извадам кеш пари на крајно нељубезен начин по кој не следуваше и извинување. Пасошката контрола е првиот впечаток на една земја и е многу битна алка во целокупниот впечаток.

Кајак: Како се подготвуваш пред секое патување?
Горјан: Пред да посетите некоја дестинација направте кратко истражување што да посетите , каде да одите , што да јадете , многу од одговорите ќе ги пронајдете на Trip Advisor.
Кајак: Која е твоја следна дестинација?
Горјан: Планирањето за патување , се промени со корона вирусот, кој направи хаос низ целиот свет ,иако за оваа година на листата беше Латинска Америка , се надевам дека ова патувње ќе го изреализирам во текот следната година. Оваа година планирам да посетам неколку македонски села и градови и да уживам во прекрасната природа и традиција.
Кајак: Во моменов пишуваш книга. Дали можеш да ни откриеш за што конкретно станува збор?
Горјан:Преку текстовите во книгата сакам да го доближам алтернативниот начин на патување , културата на земјите кои ги посетувам и животот како лолалец на неколку дена.
Кајак: Што е најголемата вредност од секое паатување?
Горјан: Мојот начин на патување е истражување како живеат локалците , што јадат , како се забавуваат , како танциваат, кои им се трошоците за живот. Од сите досегашни мои патувања имам нови пријатели во кои сме во секојдневна комуникација , многумина од нив и ја посетиле Македонија , заради моето претставување на земјата како земја со највкусна храна , со најпријателски расположените домаќини , ефтина и неоткриена дестинација која го одзема здивот на многу посетители.

Кајак: Која е целта на книгата?
Горјан: Целта е што повеќе да патуваме и преку моите доживувања и луѓето кои ги имам запознено да ја пренесам сликата за една култура преку луѓето кои живеаат таму. Како е да биде кинез, израелец , естонец или грузиец на неколку дена. Како велат не е важно колку пари имаш , важно е колку си прошетал , токму и тоа е целта секогаш да се најде време и финансии за патување и да се стави на листата на приоритети. За жал во Македонија патувањето е луксуз , а не начин на живот како во скандинавските земји. Токму со книгата сакам да ги скршам стереотипите дека за патување се потребни многу пари , потребни ,но не и пресудни , многу побитна е желбата за патување.
Кајак: Што би препрачал на нашите пријатели патници?
Горјан: Најдобро потрошените пари се парите потрошени за патување. Патувањето ни дава енергија , не прави побогати за многу пријатели, спомени.
ПОЧИТУВАНИ ПАТНИЦИ ЧИТАТЕЛИ НА КАЈАК, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИЕ ПОЗНАВАТЕ ВАШ БЛИЗОК ПРИЈАТЛЕЛ ИЛИ ПРИЈАТЕЛКА КОЈА САКА ДА ПАТУВА? АКО ОДОГОВОРОТ Е ДА, ТОГАШ ПОВРЗЕТЕ ЈА СО НАС ЗА КРАТКО ИНТЕРВЈУ ЗА ВРЕМЕ НА КАПМАЊАТА „ПАТУВАЈ ОД ДОМА“. СИТЕ САКАМЕ ДА СЛУШНЕМЕ ШТО ИМААТ ТИЕ ДА ИЗЈАВАТ ВО ВРСКА СО ПАТУВАЊЕТО.
Чуствувајте се слободни да ни пишете на нашата фејсбук страница во дирекна порака: Kajak.mkd На нашиот инстагранм профил: @kajak.mk или дирекно на нашата официјална e-mail адреса: [email protected]
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.
10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее
Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.
Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови
Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.
Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации
Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.