04.04.2024
Во Македонија има дрвена планинска куќичка изолирана во прекрасна природа
Во Македонија има дрвена планинска куќичка изолирана во прекрасна природа
Откријте го скриеното богатство на македонската планинска идила со вашето следно авантуристичко бегство во село Вирово (демирхисарско), од каде што Кајак.мк ви ја презентира оваа целосно нова и уникатна дрвена куќичка.

Домаќините кои ни ги отворија своите врати за светот на
Кајак.мк велат дека целта од изнајмувањето на куќичката е да ги одморат своите
гости од сите вести, мобилни телефони, интернет конекција со брзиот и динамичен
свет. Вилата е уредена во старински етно стил со јамболии, дрвени масички и
столчиња, како би им го доловила вистинскиот планински амбиент на гостите.
Оваа вила е идеална за луѓето кои сакаат да поминат еден викенд во природа, а домаќините истот така велат дека може да им организираат џип сафари тури на своите гости до Еврејка на Плакенска планина каде што има фурна и каде што на гостите им се приготвува домашна храна. На самиот врв се гледа Преспанското и Охридско езеро.

Куќичката е сместена во мирот на планинското село Вирово. Опремена со удобен брачен кревет и дополнителна софа, оваа викендица е совршено скривалиште за четири авантуристи кои бараат изолација од градскиот живот. Со мини шпорет и фрижидер на располагање, вашето искуство во готвењето ќе биде топло и домашно, додека климатизираната атмосфера обезбедува удобност за сите сезони.
Познатата „рупа“ (ќумурџилница) во селото Вирово
Куќичката нема wi-fi, што ветува вистинска пауза од секојдневието, поттикнувајќи ве да се поврзете со природата. Овде има добра мрежа, а до самото селце Вирово и до самата куќичка има асфалтен пат.
Поглед на селото Вирово
Сместувањето во оваа планинска куќичка не е само престој; тоа е патување низ историјата и природата, пружајќи ви уникатни приказни. Повеќе информации, фотографии, како и опција за онлајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.