12.01.2023

Го реновиравме планинарскиот дом кој го промовира Витачево во најдобро светло

Го реновиравме планинарскиот дом кој го промовира Витачево во најдобро светло

Можеби оваа е нашата најпозитивна и најмотивирачка приказна на Кајак.мк од почетокот на  2023-та година. Среќни сме што како платформа имаме прилика да ве запознаме со планинарскиот дом „Дедо Ило Јанчев“ кое како сместувачки капацитет (од денеска е дел од платформата) веруваме дека ќе ја добие својата слава во текот на 2023-та година.

Истражувајќи го подножјето на Кожуф планина, нашиот караван пристигна во Горни Дисан, село кое е оддалечено 12 километри од Неготино и распослано на 580 метри надморска височина.


Селото се наоѓа на источната падина од висорамнината Витачево и од левата страна на изворишниот дел на Дисанска Река. За разлика од околните места во неготинскиот регион, во околината на Горни Дисан има доста шума која изобилува со даб, цер, бука, бреза, како и зимзелени и нискостеблести грмушки. Во комбинација со реката која е силен и непресушен извор, овој предел е идеален за активен туризам и релаксирани прошетки во текот на цела година. Од тимот на Кајак.мк, ви гарантираме дека посетата на селото и прошетката низ околината ќе ве направи импресионирани туристи во сопствената земја.


Но за да бидат импресиите уште поголеми, овде се планинарските патеки и патеките низ виногорјето на Витачево, кои ги оддржува планинарското друштво „Free Hikers“. Ние разговаравме со Ахмед Муратов, човекот кој неуморно придонесува во развојот на локалниот туризам и промоција на Горни Дисан.

Ахмед е долгодишен планинар и член на планинарското друштво „Free Hikers“ кои го оддржуваат и реновираат планинарскиот дом „Дедо Ило Јанчев“. За Кајак.мк, Ахмед е новиот локален водич и херој кој прави мали нешта од огромно значење во развојот и промоцијата на туризмот во регионот за кој веруваме дека на многумина од вас им е непознат.


За оние кои сакаат уште денеска да бидат гости во домот, Ахмед вели дека треба да имаат предвид дека домот е во своја завршна фаза на реновирање. Поставена е нова кујна, има нови простории за ноќевање, ново кулатило со тоалет, летниковец, нови чешми и скара, а во очекување се на нови 15 кревети со кои ќе се комплетира реновирањето.


Доколку има заинтересирани авантуристи и истражувачи кои сакаат да прошетат во Горни Дисан, Ахмед им препорачува тоа да биде еднодневен излет, со што гостите ќе може слободно да ги користат просториите на домот за подготовка на храна и одмор, без притоа да треба да платат за престојот.

Кога сме кај истражувањето на Горни Дисан, Ахмед вели дека планинарското друштво „Free Hikers“ има расчистано и маркирано повеќе планинарски патеки кои се наменети за планинари, рекреативци и љубители на природата.


Сите тие почнуваат, завршуваат или поминуваат покрај планинарскиот дом „Дедо Ило Јанчев”. Една е именувана како „Патека на виното”, започнува од Долни Дисан и продолжува кон околниот венец. Друга оди до „Студена вода”, трета до познатото место „Градот”, а една од патеките минува низ месноста „Орле”, причуена по квалитетно грозје.


Некои од патеките се наменети за искусни планинари, а некои пак за љубителите на прошетките во природа, но она што ги прави сите патеки достапни за уживање се лозовите насади кои го заобиколуваат селото, а од кои се произведува најубавото вино и тиквешката ракија, вели Ахмед.

До селото Горни Дисан можете да се пристигне по асфалтиран пат. Ахмед ги кани сите авантуристи и љубители на природата да бидат гости на Дисанијата, каде тој заедно со неговиот тим како домаќини на планинарскиот дом и искусни планинари ќе им раскажат многу повеќе информации за селото, пределот и историјата.

Да не заборавиме да го истакнеме фактот дека гостите кои ќе го посетат домот, имаат можност да дегустираат вино од локалната семејна винарија „Венец“.

Доколку сакате да стапите во контакт со домаќините, погледнете повеќе фотографии од домот, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.

Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)

Летните одмори стануваат значително поскапи: што ја крева цената на патувањата во 2026

Летните одмори во 2026 година стануваат поскапи од претходните сезони поради раст на цените на авионските билети, сместувањето и зголемената побарувачка. Оваа анализа објаснува кои фактори најмногу влијаат на туристичките трошоци и што можат да очекуваат патниците при планирање на своите летни патувања.