21.01.2021
Имам 68 години и два вештачки колкови и се уште сум активен планинар и водич
Имам 68 години и два вештачки колкови и се уште сум активен планинар и водич
Кога во време на најдлабоката криза на туризмот ќе помислиме дека нема што повеќе да се пишува на ова тема, во тој момент ги создаваме најинспиративните приказни. Имаме доволно слободно време да погледнеме наназад за тоа што било и поминало и да направиме еден пресек на настаните и успесите на луѓето кои се бават со туризам. Нашиот тим е пресреќен што ќе ве запознае со Мано Ставревски. Човекот кој веќе наполнатите 68 години не му преставуваат пречка во животот да се бави како професионален туристички водич кој особено значење дава на планинарските тури и активниот туризам. 
Мано има интересна животна приказна. Роден е во Атина, а поради егизистенција неговото семејство заедно со него уште на мали години се преселуваат во Германија. Мано таму завршува петто одделение, а потоа продолжува со образованието во Скопје. По многубројни работни места кон средината на својот живот се решава да ја проба својата среќа во туристичката бранша. По положувањето на потребните испити и стекнување на лиценцата за туристички водич за германското говорно подрачје, патешествијата на Мано започнуваат. Ние успеавме да го извлечеме од Мано она што најмногу не интересираше. Интервјуто е долго, но дефинитивно лесно за оние вистинските љубители на патувањето. 
Ние: Здраво Мано, би сакале да се навратиме назад од вашиот почеток на кариерата. Како започнавте?
Мано: Во 2007 се вработувам во агенцијата за дојдовен туризам во Скопје, водејки групи туристи од германското говорно подрачје со специјалност на теми: култура-историја, религиозни групи, политички-тематизирани патувања, за на крај да ја проширам мојата активност и во полето на планинскиот и планинско-велосипедскиот (МТБ) туризам. Поради незгодна ситуација со велосипедот во браншата на активниот туризам останав да ги водам планинарските тури во Македонија и околните земји со кои граничиме: Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Северна Грција.
Ние: Како се заљубивте во планината? Што ве привлече?
Мано: Љубовта кон планината настана уште од мали нозе, кога уште во Германија во викендите со родителите редовно изледувавме на прошетки во убавата природа и шуми на Баварија. Подоцна во Македонија како средношколец во трета година гимназија заедно со уште тројца мои соучени појдовме за првпат на планината Китка, каде две вечери спиевме на помалиот врв Красна градејки импровизирана колиба од гранки. Третата ноќ ја поминавме во тогашниот планинарски дом ,,Китка,, каде домар беше стариот Бајазит од с. Палиград. Многу години подоцна тој дом изгоре, по што домар стана познатиот чичко Јосиф.
Откако се оженив често со сопругата и трите ќерки престојувавме и по неколку дена на Китка која за тоа време ми стана и омилена планина и во која ги направив моите приви чекори во печуркарството. Како страствен печуркар почнав да посетувам и други поблиски планини како Скопска Црна Гора, Водно, Караџица, Солунска Глава, домот Чеплес, кои изобилуваат со разни видови вредни јадливи печурки.
Се зачленив во планинарскиот спортски клуб „Бистра“ од Скопје, каде започна и моето активно дружење и запознавање на безброј планински врвови во Македонија и околните земји со кои граничиме. Тие стекнати знаења во контакт со природата ми помогнаа всушност да се впуштам во мојата последна страст – водење на странски групи планинари од Германија, Австрија и Швајцарија по нашите и планините на околните споменати земји. 
Ние: Како се развиваше вашата кариреа? Што ви остави најголем впечаток? Која година од вашиот живот ја поминувате и дали годините преставуваат пречка за ова физичка работа?
Мано: Веќе две години сум во пензија а пензијата ја надополнувам со продолжување на активноста како туристички водич. Целиот живот спортски активен (одбојка во средно), Карате 30 години, трчање на долги патеки, пливање, планинарење и планински велосипедизам, придонесе и покрај неколку скршеници на екстремитети и ребра и два вештачки колка да се осеќам во многу добра физичка состојба иако веќе ја трошам 68-та година од животот.
Согласно старата латинска изрека „Менс сана ин корпора сана“ (во здраво тело здрав дух) јас настојувам во ова тешко време кога Корона-вирусот ги ограничува сите наши активности и социјални контакти да истраам во надеж дека во скоро време пак ќе можеме да се вратиме на нашите нормални животи и повторно да уживам заедно со моите групи во нашите заеднички патувања.

Интервјуто продолжува на втора страница. Продолжете со читање на интервјуто со еден клик ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?
Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?
Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.
7 природни места во Македонија за летно капење и разладување
Не се само езерата за летно освежување. Откријте 7 природни места во Македонија за капење и разладување, од реки и планински вирови до водопади и скриени места во природа.
Кога последен пат сте биле туристи во сопствената земја?
Откријте ги убавините на Македонија од поинаква перспектива. Идеи за излети, викенд патувања, скриени места, природа и автентични доживувања што можеби ви се поблиску отколку што мислите.