15.08.2022
Викенд гастро дестинација: Ресторан Стар Мотел
Викенд гастро дестинација: Ресторан Стар Мотел
За оние кои никогаш не го посетиле Кочани и браната Градче каде имаме сместување во базата на Кајак.мк, ви препорачуваме тоа да го направите во текот на летниот и есенскиот период кога имаме прекрасна зелена шума, прекрасна природа и секако можности за прошетка низ неа.

Кога сме веќе кај браната Градче, од денеска нашата база „Гастрономија“ се надополнува со уште една дестинација. Станува збор за ресторан „Стар Мотел“ кој веќе 10 години ја гради приказната со вкусна храна.

Даниел, домаќинот кој ни ги отвори вратите од ресторанот вели дека тој ја презел приказната од пред една година кога го презема под концесија ресторанот.

До локалот можете да пристигнете со автомобили, мали комбиња, мотори и велосипеди, а секако дека можете да пристигнете и пеш од градот Кочани. Секако за оние кои се активни спортисти имаат кондиција за пешачење.

Ресторанот се наоѓа
на самиот испорт на браната, нуди прекрасен поглед кон браната, а нуди и
прекрасни специјалитети од крап и пастрмка, но овде е и плескавицата „Стар
Мотел“.
Доколку барате викед дестинација, имајте ја предвид денешната препорака. Доколку сакате повеќе информации за точната локација и контакт број за резервирање, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.