02.07.2020

Интервју со Марко Џамбазоски: Сакам да откривам нови убави места во Македонија.

Интервју со Марко Џамбазоски: Сакам да откривам нови убави места во Македонија.

Марко Џамбазоски e слободен уметник, режисер, монтажер, актер и автор во видео скечевите на „Флека“ и рок музичар во бендот „Визија“, кој на социјалната мрежа Instagram често објавува видео и фото материјали за скриените убавини на Македонија.

Него можете да го најдете како: 
@markodzambazoski

 

Како ја доби идејата за патување низ Македонија?

Јас сум вљубеник во патувањата, низ годините тоа се претвори во страст да се отиде во места кои не сум ги посетил при тоа да ја истражам нашата земја и да откријам непознати предели, краишта, места кои пленат со убавина, а некои од нив се целосно непознати за голем број луѓе. Пред неколку години доживеав убаво искуство со триесет дневно патување низ Европа, со ранец и билет за железница. Посетив десетина држави и двојно повеќе градови. Но, кога се вратив дома се запрашав себе си: Зошто толку копнееме да го запознаеме светот кога сè уште недоволно си ја познаваме нашата држава? Си ветив дека ќе почнам да ја истражувам Македонија многу повеќе отколку дотогаш. И, не згрешив, тоа што го поседуваме не само што е за нас лесно достапно, со кусите релации како и евтино за џебот, туку и крие така ретки, специфични и вредни, уникатни природни и културни убавини, за какви што генерално владее мислењето дека постојат само во некои егзотични краишта на светот.

 

Што те прашуваат најчесто твоите следбеници?

Особено ми е драго кога моите објави на социјалните мрежи ќе охрабрат некого и тој да почне да патува за да ја запознае Македонија. Многумина од луѓето токму преку искуствата, фотографиите или видеата кои ги среќаваат на социјалните мрежи сфаќаат дека Македонија не е само Скопје или Охрид. Ме радуваат пораките што ги добивам, а кои велат дека моите објави за некого претставувале инспирација да го направи истото и да тргне да ја истражува оваа прекрасна земја...

Чести се и пораките од моите следбеници кои бараат предлози каде да го поминат викендот, па дури и годишниот одмор. Прашуваат, исто така, дали местата кои сум ги посетил се лесно достапни, дали е потребна добра физичка подготвеност и разни други совети. И навистина е убаво што луѓето сè повеќе и повеќе се интересираат и сè повеќе и повеќе решаваат да патуваат низ Македонија, па така и јас уживам гледајќи го мојот Instagram Feed, кој е сè повеќе и повеќе исполнет со фотографии од различни краишта низ Македонија.

 

Какви места најчесто посетуваш?

Генерално, настојувам тоа да не бидат веќе познатите или најпопуларните туристички дестинации. Ме инспирираат оние недоволно истражени мали селца со зачувана стара архитектура на непознати неимари, некои од нив напуштени или во кои останале едно - две семејства или пак само стари луѓе, како и планински предели кои не се многу познати. Неретко користам една стратегија која ми го буди авантуристичкиот дух - пред да тргнеме на пат, на мапа, по случаен избор одбираме место за кое не знаеме што крие и без никакви посебни очекувања тргнуваме и истражуваме. Најчесто, токму вака избраните дестинации се покажале како многу возбудливи тури. А, бабичките и дедовците во тие, најчесто мали селца, се многу среќни кога ќе видат дека некој конечно пристигнал да го посетил селото. Нивната гостопримливост и приказните кои ќе ти ги раскажат ти го прават целото доживување многу поубаво.

 

ПРОДОЛЖЕТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ИНТЕРВЈУТО СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тури со коњи во Македонија – планинско јавање и автентични авантури преку kajak.mk

Резервирај тури со коњи во Македонија преку kajak.mk. Планинско јавање, автентични доживувања, природа и водени авантури за почетници и напредни јавачи.

Поврзи се со луѓе кои нудат уникатни услуги низ Македонија | Kajak.mk

Откриј ја категоријата „Луѓе“ на Kajak.mk каде се претставени локални поединци што нудат услуги, знаења и автентични искуства низ цела Македонија.

Вештачката интелигенција станува главен помошник при патување

Вештачката интелигенција сè повеќе се користи во туризмот и станува главен помошник при планирање патувања, резервации и избор на дестинации со целосно персонализирано искуство.

Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“

Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“.

Вапцување јајца на Велики Четврток – традиција и значење

Откријте ја традицијата на вапцување црвени јајца на Велики Четврток во Македонија – значење, обичаи и совети за здраво и еко-пријателско вапцување јајца.

Велигденско патување полно автентични вкусови и приказни

Доживејте уникатно Велигденско патување со автентични вкусови, локални традиции и незаборавни искуства кои оставаат трајни спомени.