07.12.2019

Патувањето е најголемо богатство

Патувањето е најголемо богатство

Не бадијала мудрите рекле:

Светот е книга. Оној кој не патува, чита само една страна – Свети Августин.

Патувањето и промената му даваат нова сила на умот – Сенека.

Не кажувај ми колку си образован, кажи ми колку си патувал...- пророкот Мухамед.

Оној кој не патува, не ја познава вредноста на човекот – Маварска поговорка.

Нашата дестинација никогаш не е место, туку начин на набљудување на работите – Хенри Милер.

За дваесет години ќе бидеш повеќе разочаран од работите кои не си ги направил, отколку од оние кои си ги направил. Затоа, исплови. Откривај, сонувај, истражувај! – Марк Твен.

Патувањето повторно ја воспоставува изворната хармонија која некогаш постоела меѓу човекот и универзумот – Анатол Франс.

Не сите кои талкаат се изгубени – Толкин.

Секој треба да патува, од време на време. Дури и повеќе: никогаш да не застане подолго отколку што е потребно. Човекот не е дрво, врзувањето е негова несреќа – му ја одзема храброста и намалува сигурноста. Врзувајќи се за едно место, човекот ги прифаќа сите услови, дури и неповолните, и сам себе се плаши од неизвесноста која го чека. Промената му личи на напуштање, на губење на вложеното, дека некој друг ќе го земе неговиот освоен простор, и тој ќе треба да почне од почеток. Вкопувањето во едно место е прав почеток на стареењето, затоа што човекот е млад сè додека не се плаши да започне. Ако остане, човекот трпи или напаѓа. Ако замине – ја чува слободата, подготвен е за промени и да наметне свои услови. – Меша Селимовиќ

Извор: www.crnobelo.com

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.