27.01.2022
Уникатна викендица во Маврово која е достапна за изнајмување
Уникатна викендица во Маврово која е достапна за изнајмување
Интересот за престојување во Маврово годинава го постигна својот рекорд на Кајак.мк, а со тоа можеме да кажеме дека и бројот на уникатни сместувачки објекти во Маврово секојдневно расте.

Среќни сме што
денеска објавуваме уште една уникатна викендица на Маврово која може да ја
резервирате преку нашата платоформа.
Домаќините кои ги отворија своите врати за светот на Кајак.мк велат дека околината на вилата е прекрасна во текот на цела година. Недалеку од вилата се наоѓа езерото и потопената црква Св. Никола. За оние кои се авантуристи треба да знаат дека на 200 метри од вилата е пештерата Шаркова дупка, а на 400 метри е ски центарот. Со еден збор, сите атракции се достапни пеш.

Пролетта е добра за прошетка низ планинските патеки кои се достапни за љубителите на активниот туризам, но за нив ќе зборуваме на пролет, бидејќи денеска Маврово е покриен со снежна покривка, а според прогнозите нови снежни врнежи не очекуваат за неколку дена.

Ова уникатна викендица во Маврово е идеална за семејство, фамилија или друштво авантуристи кои сакаат да го истражуваат Маврово. Капацитетот на вилата е од 8 до 10 лица, а она што е важно да се напомене е фактот дека во дневната просторија на вилата има камин на огревно дрво, а вилата има и парно греење.

Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.