13.03.2020
„Сè ќе биде во ред“: порака на надеж се шири во Италија (ФОТО)
„Сè ќе биде во ред“: порака на надеж се шири во Италија (ФОТО)
Додека Италија е во карантин поради експлозивните бројки на заразени со коронавирус, Италијанците се обидуваат да го зајакнат својот морал и почнаа да го шират оптимистичкиот слоган: „Andrà tutto bene“ - сè ќе биде во ред.
Милиони деца се заглавени дома затоа што нивните училишта и градинки се затворени, а многумина почнаа да закачваат цртежи низ своите населби со италијанскиот еквивалент на кинеската фраза „џиају“, која се преведува „не се откажувајте“ или „држте се“, која беше често користена на улиците на Кина од почетокот на епидемијата, пишува мкд.мк
Иницијативата се чини дека ја почнаа неколку мајки во Бари, Пуља, користејќи го Фејсбук, а потоа почна да се шири низ целата земја.
Ромина Анардо (38), новинарка во еден локален весник во Пиосаско, мал град во близина на Торино, работи од дома од 30 февруари, кога училиштето на нејзиниот петгодишен син било затворено поради епидемијата. Тој нацртал виножито покрај слоганот.

„По еден момент на паника кај населението, сега има нова солидарност“, рече Анардо. „Во мојата населба продавниците им носат намирници на луѓето дома, а има група волонтери што ги посетуваат куќите на луѓе над 65 години.“
Марта Ахлер, адвокатка за човекови права, која живее во Фиренца со своето семејство, рече дека активноста им помогнала на нејзините две мали деца, на возраст од пет и седум години, да се справат со застрашувачката состојба. „Тие знаат дека се во групата со низок ризик, но се загрижени за нас и мислам дека децата знаат дека старите лица се под најголем ризик, затоа моите деца најмногу се грижат за своите сакани баби и дедовци. Затоа, ова е многу возбудливо искуство за нив, а ги гледаат и своите другари како го прават истото“, рече таа.


„Можеби сме изолирани тука, но пораката на надеж се шири“.
Луизела Ромео (52), туристички водич од Венеција, од 29 февруари не може да работи. Таа вели: „Кога ќе погледнам низ прозорецот, го гледам овој огромен плакат како вели: 'Сè ќе биде во ред'. Пораката помага. Венеција е доста силна заедница, сите се познаваме. Слоганот не значи 'опуштете се, престанете да бидете претпазливи', тој значи „не се откажувајте!'“

Таа се надева дека карантинот ќе биде укинат до крајот на април.
„Но можеби тогаш ќе биде полошо во другите земји, а Италија нема да дозволи влегување на странски туристи“, рече таа. „Само ми е драго што мојот сопруг има стабилна работа и сега може да работи од дома. Тој е универзитетски професор, а на тестовите и трудовите може да се работи без да се оди во канцеларија.“
„Човечки е да се биде уплашен, но не гледам паника, ниту акти на себичност“
Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/se-kje-bide-vo-red-poraka-na-nadezh-se-shiri-vo-italija-foto
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!