16.09.2021
Дрвена скриена колиба со камин достапна за изнајмување
Дрвена скриена колиба со камин достапна за изнајмување
Дали сте забележале дека ноќите повеќе не се за по кратки
ракави? Сигурно сте посакале да уживате покрај некој тивок оган со чаша вино и
музика, разговарајќи за летото што помина и кроејќи планови за нови далечни
патувања.
Тимот на Кајак.мк е среќен што се повеќе домаќини ги отвараат своите врати за светот на Кајак.мк, за луѓето кои знаат како да ги искористат слободните викенд денови за кратко бегство од бетонската џунгла, посветувајќи се на здравата храна, активниот туризам и природата.

Недалеку од Скопје, се наоѓа вила Зердин Дуб која е со
капацитет од 6 до 8 лица. Домаќинот Саше ни вели дека имотот на вилата е
целосно заграден и им гарантира приватност на гостите.
Таа се наоѓа во општина Ранковце, недалеку од Крива река и недалеку од локални селски куќи од каде може да се набават домашни производи за подготовка на специјалитети.

Околината во која што е Зердин Дуб е доста атрактивна за посета. Овде е Џемендере водопадот кој е на 2 километри од сместувањето, вулканот Стрковец (За кој ќе ви раскажеме збор два повеќе), старата црква Св. Никола која е на еден час пешачење од куќата. Што се однесува до гастрономското искуство во регионот овде е етно ресторанот Ранч кој е на 7 километри, Парк Гиновци рибник, а гостите имаат и опција за јавање коњи во околината.

Она што можеби е важно да го напомене е фактот дека гостите имаат можност да изнајмат приватен готвач кој ќе им подготви специјалитети по нивна желба, а как што вели Саше, ова вила е идеална за организирање на тим билдинг за компаниите чии вработени се заљубени во гастрономијата. Од тие причини, самата вила има скара на отворено која може да се користи во текот на целата година, а она што е битно да го потенцираме е дворното место организирано за „Fire Pit“ седенки.

За време на летната сезона домаќините монитраат базен за
разладување, а за време на ладните денови, овде е каминот за загревање.
Замислете како околу вас е се толку тивко, а вие уживате во
звуците на огнот од каминот.
Сигурно сте љубопитни за повеќе информации и резервации.
Доколку сакате повеќе фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!