13.02.2023
Предлог викенд дестинација: Раички манастир
Предлог викенд дестинација: Раички манастир
Денеска ве водиме
во западниот дел на Македонија, во самата околина на Дебарското езеро, за која се надеваме дека ќе добие се поголем
интерес од страна на домашните туристи, пред се поради својата уникатна
историја и поради природните ресурси коишто ги нуди самит крај.
За оние кои ја подготвуваат својата листа со пролетни дестинации, можеби треба ја дополнат со посета на Раичкиот манастир кој се наоѓа во дебарското село Рајчица. Овој прекрасен манастир кој нуди извонреден поглед кон езерото е прогласен за споменик на културата на Македонија.

Фото: Andon Taskosjki
Манастирот се наоѓа на само 2 километри од центарот на Дебар и претставува женски манастир кој е метох на Бигорскиот манастир.
За него се претпоставува дека е основан во почетокот на четиринаесетиот век како метох на Бигорскиот манастир, а како прифатена година се смета 1835-та во времето на игуменот на Бигорскиот манастир кога воедно е започната изградбата на манастирските конаци и црквата.

Фото: Andon Taskosjki
Она што е уникатно за манастирот, е реткиот занает на сестринството којшто се практикува и до ден денес. Имено како главно занимање на сестрите се изработките на епископски митри. (Митрата се смета за ангелско божество). Досега имаат изработено над 1600 митри, што претставуваат еден од главните извори на егзистенција во манастирот. Покрај митрите, се изработуваат доста икони, на светогорски темјан.
Селото Рајчица се наоѓа на околу 800 метри надморска височина. Прекрасната зелена шума во самиот предел ќе бидат уште едно изненадување за сите вас кои не сте го посетиле овој дел на Македонија.


Посетата на Раичкиот
манастир можете да ја искомбинирате со посета на термо-минералните бањи во Бањиште,
како и посета на селата Долно и Горно Мелничани каде можете да запознаете и слушнете
доста интересни локални приказни.
Коментари
-
Вера Анастасова
01.03.2023 15:25
Бидејќи ми е тргната од профилот вчерашната објава за вашиот предлог за посета на Раичкиот манастир уште еднаш коментирам дека содржината на текстот и објавените фотографии примамува ат многу посетители да бидат ваши гости. Ви посакувам успешна работа.
-
Вера Анастасова
28.02.2023 10:15
Со преубави фотографии сте птетставени.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!