05.08.2022

Го промовираме Лесново преку секој залак домашна храна

Го промовираме Лесново преку секој залак домашна храна

Сигурно многумина од нашите редовни патувачи и домашни туристички агенции кои ја користат нашата платформа за креирање на понуди немаат слушнато за Весна. Весна е наша нова локална хероина која живее за Лесново. Оние кои го посетиле нејзиното дворче и уживале во вкусната домашна храна која таа со свои раце секојдневно ја подготвува знаат за каква среќна и позитивна приказна денеска ви раскажуваме.


Во дворчето на Весна веќе подолго време гостуваат разни домашни и странски туристи, групи амбасадори, фамилии со деца кои сакаат чист воздух, природа и здрава храна. Ова коешто досега ви го споменавме е доволна причина да ја отворите нашата база на „Гастономија“ во која ќе најдете контакт од Весна и да резервирате присуство на некој од нејзините часови по готвење или пак да резервирате своја маса во зелениот двор.


Дворчето на Весна се наоѓа наспроти Лесновскиот манастир на околу 1000 метри пешачење. Во дворчето има летниковец кој има капацитет до 35 лица, но како што вели Весна, гостите преферираат да уживаат на зелената ливада. До дворчето на Весна има неколку патокази по  кои може да се ориентирате за полесно да пристигнете.


Таа вели дека со туризам се заминава уште од 2008-та година, кога започнале на друга локација во селото, но поради развој на идејата, во 2016-та година го градат денешниот летниковец во дворот од нивната куќа и денеска низ смеа таа вели дека “работи од дома“.


Идејата да започнат со нешто вакво била на нејзиниот сопруг Зоран, а поддршка добиле и од нејзините деца, па и затоа велат дека станува збор за семеен бизнис.


Весна додава дека имаат отворено книга за впечатоци која е полна со позитивни коментари, а има и гости коишто ги посетуваат и по повеќе пати што е доказ дека се задоволни од нивната услуга.


Најчесто готват традиционална храна, сукано, слатко од плодови што ги има во Лесново, домашни сокови, домашна препечена шливова и лозова ракија и салати од зеленчук што сами си го одгледуваат во нивната бавча.


Весна вели дека храната, слаткото и соковите ги подготвува таа, а скарата и ракијата му ја пропушта на нејзиниот сопруг.

Доколку сакате да стапите во конткат со Весна, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Irena Mircovska

    07.08.2022 20:32

    Почитувани, моето име е Ирена Мирчовска и работам како локален координатор на Националната платформата за женско претприемништво за Источен регион. Ја прочитав вашата убава приказна и добив идеја да ја предложам Г-ѓа Весна како успешен пример со кој би ги мотивирала другите жени. Доколку сте заинтересирани ќе ве замолам да ме побарате на тел. 071272024. Срдечен поздрав

Прочитајте повеќе

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.