29.07.2023
Ако ви е топло во котлините, појдете на Шара, таму организираме тури со коњи
Ако ви е топло во котлините, појдете на Шара, таму организираме тури со коњи
Од плажа дирекно на планина, таква би била кампањата која тимот на Кајак.мк ќе ја развива во месец август и септември, кога полека ќе завршуваат летните годишни одмори, а ќе имате простор за викенд кој би можел да се помине на планина.

Ние отсекогаш сме
го велеле следното: Никогаш
не споредувајте море со планина, езеро со река или град со село. Секоја
дестинација си има своја убавина и свои придобивки. На вашето телото му е потребно
море со хранливите вредности кои ги има морето, но исто така му е потребна и
планинска клима која ќе ве ослободи од стресот создаден во текот
на цела година.
Затоа, ако веќе сте го реализирале вашиот летен одмор на море, наш совет е да го организирате вашето друштво на планина.

Денеска ве водиме на Шар Планина каде ќе ве запознаеме со Бубе, девојката која е дел од организацијата на тури со коњи низ разни предели на Шара. Бубе вели дека е ја радува фактот што се поголем број на млади луѓе покажуваат интерес да се приклучат на ваквите тури и да ја истражуваат дивината на Шар Планина.

Прекрасното време,
зеленилата кои ги опкружуваат патеките по кои се движат коњите и секако вкусната
локална храна се само дел од причините кои ги поттикнуваат туристите да резервираат
тура со коњи.
На прашањето каде
најчесто се релизираат ваквите тури, Бубе вели дека тоа се познатите локации
како: Лешница, Плат,
прекрасниот Јелак и бачилото каде може да се вкуси локално сирење и кисело
млеко.
Турата може да биде
до максимум 23 лица, а конткат за резервација на заинтересирани групи можете да
добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!