28.12.2020

Се искачив на врвот на Кожуф со мојот велосипед

Се искачив на врвот на Кожуф со мојот велосипед

Во последните денови од годината, ви споделуваме уште неколку интересни и мотивирачки приказни кои се поврзани со туризмот.

Запознајте се со Николчо Ѓоргиев кој живее во Шварцарија. Николчо вели дека е заљубен во планините и велосипедизмот. Таа е нераскинливата комбинација што го оддржува во живот. Некогаш љубавта знае да создаде и тешки ситуации, но како што вели тој, таквите ситуации му дават храброст да гради нови успеси. 

Николчо на луѓето од јужниот дел на Македонија им е добро познат по минатогодишниот настан каде заедно со уште дваесеттина љубители на трчањето и велосипедисти организираа маратон од Струмица до Гевгелија за поддршка на лицата со „Пулмонална хипертензија“.

Николчо вели дека ужива во спортот. Особено кога е под екстремни влијанија. 

Во текот на викендот кој измина и претходниот викенд, тој се искачи со својот професионален велосипед на врвот „Зелен Брег“ на планината Кожуф. 

За да нема недоразбирање, битно е да потенцираме дека не станува збор за обичен велосипед, туку се работи за „Cross country bike“ кој е наменет за маратони.

Николчо вели дека ризикот е огромен. Пред се треба да имаме до знаење дека македонските планини се доста специфични и интересни планини на кои временските услови брзо се менуваат. Кога станува збор за Кожуф планината, таа има одредени стрмни предели за искачување, но има и огромни рамнини под самиот врв каде се прават феномелани фотографии. 

Негово огромно искуство или на некој начин ризик е дуатлонот во Зофинген на кој има учествувано. За него може да се каже дека и ова светско првенство е воедно и највозбудливо. 

Николчо е единствениот македонец кој има учествувано во натпреварувањето. Подготовката, тренингот и стекнувањето кондиција е најважното нешто за успех на вакво натпреварување.

Николчо вели дека за него снего и студот на Кожуф биле причина повеќе за да се искачи со велосипедот. 

Кога е добро времето, врвот „Зелен Брег“ нуди бесконечен поглед кон Грција, гледајќи дел од грчките градови. Од македонска страна, недалеку од врвот се гледа целото Дојранско езеро.

Кожуф е една од поубавите планини во Македонија. На самата планина се наоѓа една модерна ски жичарница и две ски лифта кои во моментот не се во употреба.



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!