08.12.2020
Имам 61 година и скоро секој ден се качувам на Пелистер
Имам 61 година и скоро секој ден се качувам на Пелистер
Запознајте ја Летка. Жена битолчанка, која на своја 61 година скоро секој ден се искачува на Пелистер (Планината Баба).
Приказната на Летка е уште една мотивирачка поука која ја додаваме во нашата база приказни со лица кои ќе помогнат да се трансформира туризмот во 2021-вата година. 
Таа вели дека останала без работа во месеците кога пандемијата стави клуч на многу врати. Седејќи дома, стрeсот и вишокот килограми ја терат да направи нов чекор во животот, односно да започне со планинарење. 
Првите пешачки тури самата ги организирала до „Тумбе Кафе“ се со цел да стекне кондиција. За неа ова бил и најтешкиот период, бидејќи претходно не била до толку физички активна. Но како изминувале месеците и со доаѓањето на летотот, работите станувале многу полесни. 
Во текот на летотот се одлучува за уште покрупен чекор, а тоа е искачување на Пелистер. За ова планина таа вели дека е нешто најуваво што го има видено. Полна со кислород, свежина и прекрасна природа. За неа најважно од се е планината да ја чуваме од пожари. 
Започнала редовно да се искачува до одредени точки. Најчесто во друштво од неколку жени кои таа ги мотивира постојано. Но вели дека и самата се плаши од дивиот животински свет кој живее таму.
Успехот го достигнува со искачувањето на Голем Крчин, на 2341 метар надморска височина. За неа која самата вели дека не е искусен планинар, ова и е еден од досегашните најдраги успеси. Интересен факт е дека таа е вегетаријанка, а за време на искачувањето со себе носела само урми и гоџи-бери.
Во саботата што измина го посетила Пелистер и направила 25 километри пеш, а веќе во неделата заминала до Битуше со млади луѓе. Кои таа низ смеа објаснува дека доста брзо се движеле и едвај успевала да оддржува темпо.
Летка страда од ноќно слепило. Но ова не ја спречува да реди успеси преку својот нов начин на уживање на туристичките дестинации во државата. Ова нека биде мотивацијата за и вие да излезете од дома.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?