01.10.2020

Можете да престојувате во планински куќички на Кораб: Незаменливо искуство

Можете да престојувате во планински куќички на Кораб: Незаменливо искуство

Нашиот еко-концепт Кајак.мк ви препорачува една уникатна викенд планинска дестинација наречена „Кораб Трница“ каде имате можност да престојувате во планинските куќички кои се доста луксузно уредени. Во внатрешноста тие располагаат со еден кревет за две лица или два кревети на развлекување.

Сите тие се со сопствен тоалет. Куќичките се романтични и автентични за овој предел од државата.

За сите заинтересирани, овие куќички се наоѓаат во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлани планински рекички и Радика каде има многу зимзелени дрвја.


Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот исто така ви нуди можност за одмор во апартмани, соби  и планински куќички со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра.

За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипеди и риболовна опрема. Располага и со сопствени коњи и организира тури за јавање за почетници. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура. Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.

Посебен акцент се става на ресторанот Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: Надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава.


Информации и резервации на: 076 361 953


КЛИКНЕТЕ ОВДЕ: Уште една луксузна вила на Тиквешко Езеро достапна за резервации



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!