01.12.2022
Подготвувам ручек на снежниот Кожуф: Тоа ми дава слобода
Подготвувам ручек на снежниот Кожуф: Тоа ми дава слобода
Кајак.мк сака да ги поддржува луѓето со слободен дух. Луѓе
кои ќе се одлучат самоиницијативно да прошетат во природа, на направат добри
фотографии и видеозаписи и со нив да ја промовираат убавината на Македонија.
Ние веќе имаме доста такви млади и амбициозни луѓе кои не ги “жалат“ своите нозе, а ниту пак се плашат од студот и снегот.

За Џоко Ризов веќе сме пишување, а неговиот авантуристички дух
го протна во светот на Кајак.мк и тој дефинитивно заслужува да биде промовиран секогаш
кога ќе направи ново видео кое дефинитивно нè освојува.
Денеска сакаме да споделиме со вас неколку фотографии кои се извадени од видеозаписот кој е споделен на фејсбук профилот на Ризов, а кое видео можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ.

Ова е Кожуф, прекрасна придода, снег, шума, мир и спокој. Специјалитетот кој тој го подготвува во природа е бифтек со сос од печурки. Ова нека биде мотивација до сите вас кои сакате да прошетате по снежните планини. Доколку не се чувствувате подготвени за такви авантури, наш совет е да го контактирате Ризов преку неговиот фејсбук канал, бидејќи можеби ќе најдете заеднички јазик за уживање на Кожуф.

На неговиот фејсбук профил можете да најдете многу видеозаписи
на кои се подготвува разна храна. Џоко е еден од нашите херои кои умешно се
справуваат со секој предизвик кој го нуди планината, среќни сме што можеме да
споделиме неколку збора за него.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.