27.10.2020

Облечете патиките: Локув ве чека да го истражите!

Облечете патиките: Локув ве чека да го истражите!

Вторник не е далеку од викендот, ако започне со време организацијата поврзана со прашањето: Каде на викенд?

Доколку забележивте нашиот тим во изминатиот период ви сугиреира исклучиво места каде нема голeма фреквенција на луѓе, односно места кои ќе ви помогнат да се рекреирате, а притоа да не сте изложени на Ковид-19. Фотографиите кои ги направи Марко Блажевски, а кои ги има и на неговиот instagram профил @blazevskimarko, нека бидат само мал поттик за активен одмор. 

Денеска ве запознаваме со Локув, место кое ви го препорачуваме за активно да го искористите вашиот викенд, односно за пешачење во симпатичната дивина. Задолжително понесете со вас кеси за отпадоци, бидејќи ни најмал отпушок од цигара не смее да заврши на земја. 

Многумина сигурно не ни слушнале за ова место, па еве неколку информации. Локув се наоѓа во Западна Македонија, а која е дел од планината Дешат, прецизно измерено, во близина на селото Требиште, кое пак село се наоѓа на неколку километри од Ростуше.

Оваа област е дел од националниот парк Маврово и бидејќи е заштитен предел, дозволен е пристап само со коњи и пеш, а кој е дефинитивно најдобриот начин за да се доживее секојдневието на нашите предци и да се почуствува традиционалниот начин на живеење.

Во овој предел претежно преовладува букова шума, каде се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. Застапени се и голем број на шумски плодови, а папратот во голема мера зафаќа и цели ливади и предели.

Езерото Локув е наш предлог кој можете да го посетите. Ова езеро се смета за најниско ледничко езеро во Македонија, на надморска височина од 1565 метри. Има патека до самото езеро која е обележена и е во должина од 8 километри.

Интересен факт кој нас не радува да го споменеме поради нашата актуелна кампања, е фактот дека овде живее балканскиот рис кој е единствен од овој вид во светот. За нашата кампања за промоција и заштита на балканскиот рис можете да прочитате доколку кликнете на насловот под самиот текст. Воедно, заследете не на нашата фејсбук страница за да учестувувате во кампањата. 30 дуксери за 30 риса. 


МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

За 30 риса ќе доделиме 30 дуксери за патување



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро

kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден

Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.

Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија

Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.

Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации

Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.