05.04.2020

Водич во карантин: 11 фотографии што ќе ве натерат да ја посетите Будимпешта еден ден

Водич во карантин: 11 фотографии што ќе ве натерат да ја посетите Будимпешта еден ден

Бидејќи патувањата во моментов ни се паузирани, а луѓето се изолирани и затворени во своите домови, тимот на првиот агрегат за патување во земјата Кајак.мк се реши да ве води низ светото на истиот начин на кој го прават нашите водичи. За денеска ја имаме Унгарија со главниот град Будимпешта.

Будимпешта има се: Замоци, палати, паркови и една од најдобрата „Арт Нову“ архитектура во Европа. Посетете ги термалните бањи кои имаат прекрасни погледни на реката Дунав, од каде дефинитивно можете да ги направите најубавите фотографии.

Главниот град на Унгарија е доволно романтичен за да го посетите во секој месец од годината, а овие 11 фотографии ќе ве инспирираат и ќе ви поттикнат желба за посета на градот на Дунав. 



Getty

Дунав
Будимпешта е два града во еден - Буда и Пешта - разделени со реката Дунав и поврзани со голем број мостови. Зачудувачката архитектура по должината на централниот дел на главниот град е една од најдобрите во Европа.  Од Мостот на синџирите „Széchenyi Chain Bridge“ и „Оперската куќа“. Ова што го гледате на сликата е унгарскиот парламент. 


Getty

Унгарската опера
Унгарската државна оперска куќа ја задржува својата репутација како една од најдобрите театри во светот уште од самото отворање во 1884 година. Во неа имаат гостувано уметници како Густав Махлер. 


Getty

Базиликата Свети Стефан
За познатата, неокласичка катедрала во Будимпешта - една од најголемите во земјата - беа потребни повеќе од 50 години за да се изгради, а да биде конечно завршена во 1905 година. 


Getty

Бањите на Гелерт
Тешко е да се избере кој од најпознатите термални бањи во Будимпешта е најдобра, но во однос на чиста естетика, мора да ги посетите гелертските бањи. Осумте базени овде беа изградени помеѓу 1912 и 1918 година во стилот на „Арт Ново“,  од мозаик и витражни прозорци. 


Getty

Замокот во Буда
За уникатен живописен поглед на градот ви предлагаме да ја користите железницата која е изградена во 1980 година, а уништена за време на Втората Светска војна. 


Getty

Бастионот
Областа на замокот Хил (познат како Вергеј) нуди некои од најимпресивните погледи на Дунав.


Getty

Кафе Гербауд
Основано во 1858 година, Кафе Гербауд е една од најпознатите легендарни куќи за кафе во градот - а можеби и во цела Европа, благодарение на Емил Гербауд. 


Getty

Градскиот парк
Сместен во близина на центарот на градот, Градскиот парк е најголемиот парк во Будимпешта, со површина од над 300 хектари. 


Getty

Плоштад на херои
Плоштадот на хероите е еден од најпопуларните (и најголемите) јавни плоштади во Будимпешта, изграден во близина на влезот на Градскиот парк. 


Getty

Еврејскиот кварт и голема синагога
Во деветнаесеттиот век, градската еврејска заедница се вклопи во унгарското општество и беа изградени три синагоги во она што сега е познато како еврејски кварт. Големата синагога е најголемата од трите, позната по својата импресивна византиска и мавританска архитектура.


Getty

Central Market Hall

Изграден во XIX век, овој e пазар од затворен карактер, со добро дефинирани патеки и преубави продавици. Ако сакате унгарски сувенири ова е вистинското место за вас.

ПРОШЕТАЈТЕ И НИЗ:

Водич во карантин: Патување во Аргентина!

Водич во карантин: Патуваме во Јамајка!

Водич во карантин: Патување во Куба!

Водич во карантин: Патуваме во Мексико!





Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.

Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови

Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.

Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации

Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.

Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина

Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.