05.12.2020
Најдобар момент при патувањето е кога имате контакти со локалното население
Најдобар момент при патувањето е кога имате контакти со локалното население
Запознајте се со adventure.mk,
млад пар кој и покрај затворените
граници знае како да ужива низ Македонија. Од Горна Белица, Охридското езеро па
се до Чеплес. На нивниот инста профил @adventure.mk може да се најдат доста интересни локации кои може
да бидат ваша следна дестинација. 
Тие велат дека за
нив Горна Белица е меѓу омилените дестинации во држават. Висока надморска
височина, убава природа и прекрасен поглед кон Охридското езеро. Како втора
дестинација го издвојуваат планинарскиот дом Чеплес каде постојано се враќаат.
Нивна препорака е
секој кој е во можност да го посети Кожуф, од било која страна и без разлика на
годишнто време. Има многу скриени места и недопрена природа, а најголем
впечаток им остава Длабок Дол.
Тие велат дека
најдобар момент од цело патување е контактот со локалното население.
Најинтересна случка која ја издвојуваат е една од посетите на Кожуф за време на
бербата на боровинки.
Патуваат заедно
со Арон. Нивното куче кое обожава патувања. Патува заедно со нив, ужива додека
е на слобода и спијат заедно. 
Adventure.mk велат
дека ова е само почеток.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.