23.11.2021
Прекрасно сместување во Никифорово: Причина зошто да побегнете таму!
Прекрасно сместување во Никифорово: Причина зошто да побегнете таму!
Ако се уште
размислувате каде да поминете викенд од месец декември, тимот на Кајак.мк ве
советува да го посетите село Никифорово каде може да слушнете еден куп приказни,
факти и легенди.
Ние денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Боро, во чија вила „Кула Бор“ можете да резервирате ноќевање. Доколку сакате да ја погледнете вилата, кликнете ОВДЕ.

Никифорово е село
кое се наоѓа во „Националниот парк Маврово“ во подножјето на планината Бистра
на самиот брег на Мавровското езеро. Селото е на 1250 метри надморска височина.
Боро ни раскажа
неколку интересни факти за селото, а се надеваме дека ќе слушнете многу повеќе
информации доколку појдете таму.
Низ ова село поминува Никифорската река која се полни од планинските потоци на Масларица, Лекоец, Петилеб и други помали извори. Со својата местоположба, чистиот планински воздух, чистата изворска вода, изобилството на букова и зимзелена шума, шумски плодови како и разновидниот свет, ова село се смета за воздушна бања која крепи, подмладува и оздравува. Исто така, водата со која се снабдува селскиот водовод се носи од Ратков извор кој е на надморска висина од 1700 метри, а по направените анализи е една од најквалитетните води за пиење во Македонија.

На сред село се
наоѓа спомен домот на народниот херој од НОБ, мајор Чеде Филипоски- Даме и спомен
собата на Видое Смилески- Бато кој би учесник на првото заседание на АСНОМ,
како и спомен чешмата на паднатите борци на НОБ.
Дека селото е “свето“ сведочат археолошките остатоци за кои се смета дека се остатоци од голем манастирски комплекс кој датира од VI век и го носел името на светецот Св. Пантелејмон како што е името на селската црква.

Од селото започнува
обележана планинарска патека која е категоризирана за умерено пешачење и која води
до местото на изворот Петилеб и продолжува преку пасиштата на Бистра до врвот Сандакташ
кој е втор по висичина на планинскиот масив Бистра.
За изворот
Петилеб на кој е направена спомен чешма се поврзува една легенда за овчарот и шарпланинецот
која го опишува човечкиот карактер, а за која може да ви раскаже повеќе
домаќинот Борче.
На самиот раб од селото над долното маало како гнездо во густа букова шума се наоѓа мултифункционалното спортско-рекреативно игралиште „Светислав Наумовски- Чекан“ кое има живописно опкружување.

На 5 километри од селото Никифорово се наоѓа ски-центарот „Маврово“ идеално место за скијачите и љубителите на активниот туризам, а за љубителите на јавањето коњи ја препорачуваме околината на Галичник каде на самиот пат кон селото се наоѓа „Sherpa horse riding“ идеална преку лето и пролет.

Патувајќи низ кањонот
на реката Радика може да се посетат мијачките и реканските села кои се
интересни по својата специфична архитектура, местоположба и култура, а исто
така над реката Радика се наоѓа еден од најзначајните манастири во Македонија и
пошироко Св. Јован Бигорски.
Многу информации
можете да дознаете доколку престојувате во Никифорово. Тимот на Кајак.мк Ви ја
препорачува „Кула Бор“ за која може да добиете повеќе информации со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Ivancho Blazhovski
28.11.2021 14:58
Kolku cini nokevanje za 2 ca vozrasni I 3 deca, 2,4,7 god
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.